• Latest

Преглед на настани: Почна пописот, Универзална се реконструира, лажна вест од МАНУ – не се укинува Катедрата по македонски јазик

March 1, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Почна пописот, Универзална се реконструира, лажна вест од МАНУ – не се укинува Катедрата по македонски јазик

March 1, 2021 16:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнува денеска со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април.

Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ  Брнз: Овие пушки ќе ја зајакнат интероперативноста, не само со САД, туку и со другите сили на НАТО

Брнз: Ви благодарам министерке Шеќеринска и генерал Нуредин што се со мене денеска тука да ја одбележиме донацијата на 1269 автоматски пушки, во вредност од 1,2 милиони долари, како поддршка на лесната пешадиска баталјонска  група. Ова е уште еден пример за тоа како работиме заедно за да бидеме сигурни дека нашите сили, кога ќе се борат заедно, и кога ќе се обучуваат заедно, ќе бидат интероперативни, и овие пушки ќе ја зајакнат интероперативноста, не само со САД, туку и со другите сили на НАТО. И, како што слушнавме од лидерите, ова ќе биде многу важно, и ќе биде влијателно за понатамошните активности. Ова е уште еден доказ на нашата долготрајна одбранбена соработка, што уште повеќе е зајакната со потпишувањето на Меморандумот за соработка во одбраната минатата недела, но, ова претставува и обврска на вашата земја за модернизирање на македонската армија, изјави  Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз на примопредавање на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел на ЦИВИЛ во Штип: Пописот е статистика, а не политика

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ на 4 март 2021 (четврток), хотел „Оаза“, Штип, со почеток во 16 часот.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Како и секогаш, редакциите со кои ЦИВИЛ има соработка се поканети да ги преземат сите медиумски содржини со соодветна атрибуција и линк.

Во фокусот на панел дискусијата е потребата да се одвои политиката од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. За јавноста е важно да се слушнат ставовите и на штипските учеснички и учесници во панел дискусијата на кои, меѓу другото, ќе им дадеме простор да споделат и некои основни информации за текот на подготовките на пописот, како и неговото значење за развојот на општините, економијата, стопанството и градењето политики и практики на локално и национално ниво.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Попис – Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски денеска ќе извршат увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Реконструкција – Објектот на Универзалната сала во Скопје ќе се реконструира во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На промоцијата на изведбениот проект за реконструкција на Универзална сала присуствуваа премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорот на Универзална сала Филип Аврамчев, архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон Инженеринг“, кој го изработи овој проект

Дезинформации – Од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, при Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје реагираат дека се целосни невистини и манипулации тврдењата на претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, кој во јавноста изнесе тврдења дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност

Правда – Заев: Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има

Поради изолација на членот на Судскиот совет, Огнен Ставрев, кој имал контакти со лица позитивни на Ковид-19, за денеска најавеното рочиште за предметот „Титаник“ е одложи за 17 март.

СЛОБОДНА ЗОНА

„ Во таа насока, сегашните предлози на Георгиевски не прават никакво унапредување на софиската агенда во Македонија, туку само ги дезавуираат напорите на Османи и Бучковски да се „стави ред“ во високо-подигнатите емоции меѓу Софија и Скопје. Можно е Бугарија, со право, да проценила дека процесот почнува да се одвива во за нив неприфатлива насока: откако меѓународно се посрамотија и останаа осамени со билатералното вето за Македонија (и за Албанија), притисокот врз нив од Брисел и Вашингтон може само да расте во насока на компромис, ама не со максималистичката агенда „à ла Георгиевски“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Бугарите се плашат од нов „Преспански“ договор“

„Прво се договоривме дека општествената сопственост не е ефикасен основ за раководење на економијата. И договорот падна, прво да ја подржавиме, а потоа да ја приватизираме. Имаше разни предлози околу моделот на приватизација за кој ќе требаше да се договориме и штетата да биде помала и светлата иднина да биде поблиску. И договорот донесе резултати какви само ние можеме да испорачаме. Од вредност на економијата од девет милијарди долари за три години ја сведовме на шест, а кон крајот на деценијата на само три милијарди долари. Никој како нас не умее да се договара така ефикасно на сопствена штета“, Војо Маневски, во колумната „Договарање“

„Ништо на светот не е полесно отколку да направите глупава толпа на луѓе да ве сака. Дајте ја лопата на знамињата, вметнете вера и молитва, навивајте за нашите, вжештете ги митовите, внесете омраза кон другите народи, плукајте по бегалците, исмејувајте жени, давајте некои теории на заговор за злобниот свет фокусиран на мал, но искрен Хрват, кој на сите им пречи- и малиот човек е на твоја страна. Полесно е да усреќите мал човек отколку свиња, верата и нацијата се поевтини од товењето. Но како тогаш да се погледнеш во огледало?“, пишува Матија Бобиќ, основач на Индекс.хр во колумната Полесно е да усреќите мал човек отколку свиња, верата и нацијата се поевтини од товењето

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ