• Latest

Преглед на настани: Потпишан Указот за прогласување на законот за попис, поранешен член на Комисијата за антидискриминација со говор на омраза, новиот состав на ДИК со прва јавна седница

January 25, 2021
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Потпишан Указот за прогласување на законот за попис, поранешен член на Комисијата за антидискриминација со говор на омраза, новиот состав на ДИК со прва јавна седница

January 25, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Потпишан Указот за прогласување на законот за попис, ќе се спроведе по цели 19 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по извршените консултации со правни експерти, известуваат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, велат од неговиот кабинет, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Од СДСМ велат дека пописот на населението што за прв пат по цели 19 години ќе се одржи на пролет, е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на идните државни, економски, здравствени, образовни, културни политики и стратегии, суштински за напредокот на државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Царовска: Квалитетно образование се постигнува со заедничка соработка на МОН и општините

Царовска рече дека наставата и во второто полугодие продолжува со комбинираниот модел, кој успешно се реализираше во првото полугодие, a се покажа оправдан и од здравствен аспект.

„Како Влада и како министерство се обврзавме дека ќе одиме чекор по чекор во обезбедување на квалитетно образование за секој ученик и токму оваа инвестиција го покажува тоа. Сметам дека со заедничка соработка, општините заедно со МОН, можеме да постигнеме навистина подобри резултати во основното и средното образование. Она што е исклучително важно е што и во време на пандемија обезбедивме континуитет на наставата за сите ученици на хибриден начин. Успеавме да одржиме посебно низок процент на позитивни случаи во првото полугодие на наставници и ученици од оние кое беа со физичко присуство. Очекувам тој тренд да се задржи и во второто полугодие и очекувам и учениците и наставниците и родителите да ги почитуваат протоколите. Со оваа инвестиција дополнително го заштитуваме здравјето и на учениците и на наставниците“, изјави Царовска.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Омраза, закани и поттикнување на насилство од поранешен член на Комисијата за антидискриминација „Кога ќе дојде време за под шатори, со оган ќе се одјавиме“

„Кога ќе дојде време за под шатори, со оган ќе се одјавиме. Од Македонија“, гласи Фејсбук пораката на поранешниот член на Комисијата за заштита од дискриминација, Тони Науновски, со фотографија на која се гледа како држи вперена снајперска пушка во рацете.

Објавата на поранешниот „антидискриминатор“ подоцна е повлечена, веројатно поради страв од законот.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Државната изборна комисија во новиот состав денеска ја одржа првата јавна седница на која се дискутираше по неколку точки, јавни набавки, буџетска програма, едукација на администрацијата.

ДИК на денешната прва јавна седница во новиот состав ја усвои финанскиската програма за јавни набавки за 2021 година за спроведување на Локалните избори годинава во износ од 263 милиони денари.

По речиси двочасовна работа на Собранието и по утврдување на дневниот ред на 32. и 30. седница, претседателот на Собранието Талат Џафери отвори претрес по Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на работната посета на Брисел, денеска во Европската комисија остварија средба со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска соопшти дека на состанокот со директорите на средните училишта заклучиле дека државната матура е право на избор и дека секој ученик што сака да го продолжи своето образование мора да ја полага според утврдениот законски ред.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Некни слушам на Би-Би-Си една интересна теорија која, отприлика, оди вака: неодамнешните истражувања на јавното мислење во западните земји покажуваат дека „успехот“ на лажните вести не се должи на глупоста на публиката или на уверливоста на самите лаги во „вестите“, туку на желбата на еден дел од јавноста да се спротивстави на политичкиот мејнстрим во општествата, што е предизвикано од најразлични рационални и ирационални незадоволства од состојбите во кои живеат луѓето во модерните демократии“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Џабе факти наспроти омраза“.

„Заедниците доаѓаат во состојба, кога формите на организација не ги задоволуваат потребите на поголемиот дел единки. Резултатот од нужните реформи се двојни. Или  поголемиот број ќе се задоволни или најголемиот дел од општеството се подеднакво незадоволни. Науката како згуснато искуство запишала дека  во вториот случај резултатите се подобри, но зад нив мора да стои храбра авангарда“.

Ова стои како теоретско објаснување во делото на големиот материјалистички филозоф, роден во Штип, Тодор Павлов во неговото дело под наслов Теорија на одразот“, пишува Војо Маневски во колумната  „Реформ или добош торта“. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ