• Latest

Преглед на настани: Спроведувањето на пописот е висок државен интерес, не политичка операција, ДКСК за извештајот на ТИ

January 29, 2021
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Спроведувањето на пописот е висок државен интерес, не политичка операција, ДКСК за извештајот на ТИ

January 29, 2021 17:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Спроведувањето на пописот е висок државен интерес, непотребна е негова политизација

Законското решение не е пречка да се одржи успешен попис, проблемите се околу неговата политизација, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната координација на државниот врв и градоначалниците организирана од Државниот завод за статистика по повод претстојниот попис.

-Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме во регионот се уште веруваме дека силата е во бројките и дека само така ги остваруваме правата. Но, човековите права не се привилегии што можат да се одземат или изгубат во зависност од нечија одлука или волја и тие не зависат од бројката. Во демократска  држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат, рече Пендаровски.

Според него, ако постои една работа што треба да не исплаши, тоа е таа на иселени граѓани,на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага за подобра иднина, а вели, се иселуваат од секоја етничка и верска припадност, и од сите општини и градови.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Колозова: Индексот на Транспаренси е резултат од ставовите на бизнис и стручна елита, а не од граѓаните

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Република Северна Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од 5 места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се 7 извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупција во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел.

Прецизирањето на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за престојниот попис на населението била една од темите за кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараше на денешната средба со со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски.

На средбата на Државниот завод за статистика со градоначалниците во врска со пописот, свое обраќање имаше и премиерот Зоран Заев. Заев ги повика градоначалниците да се вклучат во сите аспекти на пописот и да помогнат да се спроведе 100% успешна статистичка операција.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски изјави дека методологијата за спроведување на пописот закажан за април месец ќе биде објавена во Службен весник како јавен документ и ќе ги содржи сите информации до најситен детал за неговото спроведување.

Советот на амбасадори ја поздравува решеноста на Владата за спроведување на пописот и ги повикува сите политички чинители и невладиниот сектор да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа статистичка операција.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 599 пациенти со Ковид-19.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Додека го читате овој текст, жешката шлаканица од 111-то место на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнел – најниското во целата „индексирана“ историја на Македонија – мора сè уште силно да одѕвонува во ушите на актуелната македонска власт.

Овие симболични три единици – „Недоволен, кец!“, и така трипати – се вистинската мерка за да се оцени актуелната перцепција во македонското општество за состојбата со корупцијата и борбата против неа во изминатите неколку години. Тие се одраз на „културата на помирување“ и компромиси за сè и сешто што премиерот Заев и раководството на СДСМ се обидуваат да го востоличат и за тоа каде има место, но и за таму каде никако не смееше такво нешто да се дозволи: во расчистувањето со криминалите на претходниот режим, како општо, така и поединечно“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Недоволен, кец – и така трипати!“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ