• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Преглед на настани: Стејт Департментот со позитивни оценки, преговори за законот за државјанство, започна вакцинирањето на населението

March 31, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Стејт Департментот со позитивни оценки, преговори за законот за државјанство, започна вакцинирањето на населението

March 31, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Стејт Департмент: Расте бројот на независни медиуми, Владата гарантира слобода на изразување

Извештајот на Стејт Департментот за Северна Македонија забележува напредок во неколку полиња, поврзани со слободата на изразување и критичко мислење.

„Бројот на независни медиуми, кои изразуваат различни ставови без очигледно ограничување, продолжи да се зголемува“ – наведува Стејт Депарментот. Тие ја нотираат и слободата на интернет.

„Владата не го ограничи или наруши пристапот до интернет и не ги цензурира интернет содржините. Немаше извештаи дека владата ги следеше приватните комуникации преку интернет без соодветно правно овластување“- се вели во извештајот.

Во него посебно се издвојува Колективниот договор потпишан помеѓу Независниот синдикат на медиумите со државната новинска агенција МИА, преку кој се гарантира 36 часовна работна недела, платена прекувремена работа, заштита од произволно отпуштање од работа и загарантирана слобода на изразување. На крајот, покрај другите нотирани слободи, извештајот заклучува дека немало ограничувања од страна на владата за академската слобода и културните настани.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Пописот е дефиниран и се нарекува статистичка операција, за жал, во Република Северна Македонија на некои субјекти не им изгледаше така. Во последно време бевме сведоци на интензивни кампањи. Додека дел од граѓанските организации и ние како власт се обидувавме да ја разбиеме таа магла дека пописот ќе биде политизиран, дел од опозициските партии, најмногу ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваше тоа да го претстави како политички договор. Веднаш ќе нагласам дека нема никаков политички договор во делот на спроведувањето на пописот“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка во Собранието и член на СДСМ, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ: „Попис: Статистика, не политика“.

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

По договорот меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пописот да се одложи за септември, граѓаните се во очекување на потврда на овој договор во законодавниот дом на Северна Македонија. Одложениот попис е тема на ова издание на политичкиот видео магазин СКЕН.

ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 16:30 часот. За учество на вебинарот, потребно е да се пополни онлајн АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.

Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството, медиумската писменост и начините на кои можат да се вклучат во работата на ЦИВИЛ.

За учесниците на вебинарите ќе има електронски Сертификати за учество. Тие добиваат и можност да се вклучат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, како и во други организации и иницијативи на граѓанското општество.

Основи на новинарското известување, етика, лажни вести, хибридни закани и мониторинг на изборите и политичките процеси се дел од темите на вебинарот. АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИМУНИЗАЦИЈА Почна вакцинацијата на постарите граѓани од онаа критична категорија според Националната стратегија за вакцинација. Вакцинацијата почна во најголем број од градовите, а во останатите, односно во помалите градови во здравствените домови ќе започне во петок. Нашите информации се дека досега целокупниот процес се одвива добро. Нема некакви проблеми. Јасно се одбележани местата каде е пријавата, каде се пополнуваат документите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, каде се одвива вакцинацијата на граѓани над 77-години.

ДРЖАВЈАНСТВО Премиерот Зоран Заев, денеска заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи во врска со законот за државјанство, којшто беше причина за блокада на Парламентот. По средбата Заев изјави дека верува дека ќе се изнајде решение за проблемот со немањето државјанства и дека на средбата биле изнесени низа ставови како од страна на владините претставници така и од пратениците на Алијанса на Албанците. Следната средба е најавена најдоцна за една недела.

ДКСК во 2020 година во однос на одлучување и постапување по пријави од областа на судирот на интереси и на корупција има добиено помалку пријави за околу 50 отсто во однос на 2019 година, но донела одлуки по речиси двојно повеќе предмети.

ПРОЕКТ Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километир од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, по повод потпишување на меморандумите за реализација на проектите за терминал на течен природен гас, обезбедување  капацитет за природен гас и гасната централа Александруполи.

ДИПЛОМАТИЈА „Ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања“, изјави денеска во Љубљана вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на заедничката прес-конференција со шефот на словенечката дипломатија Анже Логар.

ДЕМАНТ Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, доцна синоќа објави соопштение во кое најостро реагира на лажните написи на интернет порталот „Лидер“ со наслов „ПОЛИТИКА, ПАРИ, ШВЕРЦ: Зелената куќа во Крива Паланка од која се раководи шверцот на тутун“ со кои, како што се вели во демантот, пропагандни структури се обидуваат да ја компромитираат и да ја попречат борбата против корупцијата. Текстот е објавен и во други интернет портали од истата групација.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Северна Македонија – ТрансФорма и оваа година го одбележува 31 Март – Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе. Мотото на овогодишната кампања е „И родовиот идентитет е важен“ и има за цел да ја поттикне јавната свест за прифаќање на различнстите и да испрати порака дека трансродовата заедница има право на достоинствен живот и рамноправност.

МУЛТИКУЛТУРА

„Различни по нивната етничка, родова, религиозна определба, сепак со исти пораки за „слобода“, љубов“, „мир“, „почитување“, „еднаквост“, и дека „сите се исти“… беа само дел од пораките кои стотина деца ги упатија на работилниците и јавните настани, во повеќе општини во земјата, „Заедно за иста цел“, дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ во 2019 година.

Децата преку бои, симболи, пораки и црежи покажаа како тие придонесуваат кон мирот, слободата, другарството, ненасилството, односно испратија порака дека и покрај тоа што се различни, сепак, сите се исти и имаат исти права“, пишува Дехран Муратов во текстот насловен „Различни, но со иста порака за мир, еднаквост, слобода и почитување на различностите“.

„Голем дел од предрасудите кај учениците, се всушност карактеристики кои тие дома ги научиле од своите родители. Во сржта на човекот е да стои понастрана од непознатото, па затоа многу често ваквите карактеристики и облици се пренесуваат од генерација на генерација.

Мултикултурното образование е едно од најпопуларните концепти во денешното образование. И покрај растечката литература, значењето и импликациите на мултикултурното образование се слабо разбрани. Приодите кон мултикултурното образование значително се разликуваат. Главната цел на мултикултурното образование е да ги реформира сите образовни институции и училишта, така што учениците од различна етничка, расна, културна и социоекономско потекло имаат еднакви можности за образование и учење. Друга цел на мултикултурното образование е да се подобри квалитетот и образовната мобилност кај жените и мажите. Со други зборови, еднаквоста, без оглед на студентското потекло, е главната градба на мултикултурната филозофија на образованието. Ова е филозофијата што може да ги намали постојните етнички, културни и социоекономски диспаритети меѓу учениците и нивните влијанија во однесувањето“, пишува Ирена Крџиќ во текстот насловен „Мултикултурното образование е најпопуларен концепт во светот“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ