• Latest
Photo by NY Metro Parents

Мултикултурното образование е најпопуларен концепт во светот

March 31, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Мултикултурното образование е најпопуларен концепт во светот

March 31, 2021 12:16
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by NY Metro Parents

Photo by NY Metro Parents

Share on FacebookShare on Twitter

Единството и различностите се два контрастни концепти. Идеите отелотворени во секој концепт се спротивставуваат на другиот. Единството е договор или хармонија, додека различноста се однесува на разновидност, асортиман или мешавина. Единството има врска со сличноста на еден или друг начин. Од друга страна, разновидноста е точката каде што работите се разликуваат.

Образовниот систем, со свои делови, функции и членови, има единство во смисла дека постои договор во целите на училиштето. Целта на постоењето на училиштата секаде треба да е иста.

Photo by javier trueba on Unsplash

Училиштата се составени од ученици од сите демографии. Бидејќи образованието е основно право за сите, без оглед на расата, економскиот статус, полот или религијата, училиштата сега се состојат од здрава мешавина на ученици од различни раси, религии, социјални и економски слоеви и родови. Недискриминацијата доведе до прогресивна разновидност во образовните институции. Учениците и студентите сега се од различни раси и религии, а со тоа и културите или основните системи на верување се различни, како и јазиците на кои тие зборуваат.

Обединувањето на студентите од различно потекло повлекува усвојување на вредноста на ценењето на другите луѓе и уникатноста на нивните околности. Почитувањето доаѓа по свесноста, затоа пред учениците да научат да прифаќаат и да најдат значење во разликата од оние што се поразлични од нив, треба да им се даде до знаење што се случува во специфичните култури или групи на различни ученици. Незнаењето е всушност извор на непријателство и отфрлање. Дискриминацијата обично произлегува од незнаење. Луѓето природно избегнуваат работи за кои не знаат ништо, што е исто со училишниот систем.

Photo by NeONBRAND on Unsplash

Студентите ќе бидат непријателски расположени и ќе ги отфрлат оние за кои не знаат ништо или оние кои се далеку поразлични од нив, затоа што се плашат да откријат зошто постои голема разлика. За да се намали и искорени тензијата помеѓу различните групи, учениците треба да бидат изложени на различни култури, религии, раси, родови прашања и економски или социјални слоеви. Изложеноста идеално води кон подобро разбирање и појасен поглед на тоа зошто работите се такви какви што се. Знаењето и свеста се клучни искоренувачи на сегрегацијата од која било причина.

Вистинското учење е резултат на огромен извор на информации и вистински искуства. Освен читање и патување, можното средство за учење и истражување на нови хоризонти е преку споделување приказни и искуства со луѓе кои не ги делат истите позадини, идеологии, традиции и потекло. Процесот на обединување на културите во училиште им помага на учениците не само да ги подобрат своите знаења, вештини и благосостојба, туку им помага да  развијат човечки вештини, и им помага да бидат отворени кон критичкото размислување.

Photo by NAEUC

Голем дел од предрасудите кај учениците, се всушност карактеристики кои тие дома ги научиле од своите родители. Во сржта на човекот е да стои понастрана од непознатото, па затоа многу често ваквите карактеристики и облици се пренесуваат од генерација на генерација.

Мултикултурното образование е едно од најпопуларните концепти во денешното образование. И покрај растечката литература, значењето и импликациите на мултикултурното образование се слабо разбрани. Приодите кон мултикултурното образование значително се разликуваат. Главната цел на мултикултурното образование е да ги реформира сите образовни институции и училишта, така што учениците од различна етничка, расна, културна и социоекономско потекло имаат еднакви можности за образование и учење. Друга цел на мултикултурното образование е да се подобри квалитетот и образовната мобилност кај жените и мажите. Со други зборови, еднаквоста, без оглед на студентското потекло, е главната градба на мултикултурната филозофија на образованието. Ова е филозофијата што може да ги намали постојните етнички, културни и социоекономски диспаритети меѓу учениците и нивните влијанија во однесувањето.

Ирена Крџиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ