• Latest

Преглед на настани: Започна Зелениот караван на ЦИВИЛ, протести на ВМРО-ДПМНЕ со „скромен“ Мерцедес против поскапување на струјата…

September 11, 2020
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Започна Зелениот караван на ЦИВИЛ, протести на ВМРО-ДПМНЕ со „скромен“ Мерцедес против поскапување на струјата…

September 11, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Зелениот караван на ЦИВИЛ тргна  денеска од Скопје

Со инфо штанд на плоштад Слобода, пред домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците), во 11 часот претпладне почна Зелениот караван на ЦИВИЛ.  Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во изјава за медиумите им се обрати на граѓанките и граѓаните. На штандот  граѓанките и граѓаните имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ.

Зелениот караван на ЦИВИЛ е посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Социјалната правда и антинационализмот се дел од европските и зелените вредности кои ЦИВИЛ ги застапува во текот на своето 20-годишно постоење, а во изминатите неколку години и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, чие регионално седиште е во Сараево, БиХ.

Тимовите и активистите на ЦИВИЛ ќе патуваат низ земјата и ќе одржат повеќе настани во соработка со општините и локалните граѓански организации. Ќе се одржат работилници на тема „Зелените доаѓаат“ во Штип, Гостивар, Велес, Кавадарци и Скопје. Низа средби со граѓанките и граѓаните ќе се одржат и во други општини низ целата земја.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

ФОТО ВЕСТ

ВМРО – ДПМНЕ со „скромни“ автомобили, под мото „Богата влада- сиромашен народ“,  денеска ги блокираа улиците во Скопје, во знак а протест  против поскапувањето на електричната енергија

Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје против поскапување на електричната енергија  / фото: Арбен Зеќири

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Дерала: Зелените вредности се единствената алтернатива и за општеството и за државата

На првиот ден од Зелениот караван на ЦИВИЛ, што тргна денеска во 11 часот од Плоштад слобода во Скопје, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и се обрати на јавноста и поддржувачите на организацијата со пораки за зелените вредности.

– ЦИВИЛ е организација која не претерува со големи сцени, со големи рефлектори, туку е една мобилна организација која е постојано во некоја мобилност, некаква акција… Денеска е почеток на Зелениот караван, го започнуваме симболично на Плоштадот на слободата, во Скопје, меѓутоа, тоа ќе биде една серија од активности кои ќе се одвиваат низ целата земја.

Ова е иницијатива која ја започнавме долго време пред овој настан, може да се каже пред добри пет години, започнавме со активности кои се засилување на нашиот мандат како организација која се залага за европски и зелени вредности. Веќе дваесет години зелените вредности се дел од нашите заложби, колку што постои и самата организација, се разбира, ова е уште една голема акција на ЦИВИЛ, да влезе во директна комуникација со граѓанките и граѓаните.

Зелениот караван на ЦИВИЛ ќе ги промовира зелените вредности, европските вредности, социјалната правда и антинационализмот. Бидејќи наш став е, заложбите за зелените вредности, во кои секако спаѓа и заштитата на животната средина, не е доволно да се биде само поддржувач на чистите улици и слично, тоа е комунална хигиена. Зелените вредности можа да се практикуваат само во единство, со почитување на човековите права и слободи, достоинството, во единство на почитувањето на сите аспекти на социјалната правда, и секако почитување, и активност во доменот на интегрирање на општеството. Антинационализмот е една од главните идеи, една од трите главни идеи со кои се носиме подолго време, а зелениот караван ќе се фокусира токму на промовирање на тоа единство на вредности, единство на акција која е потребна во општеството. Зелените вредности се единствената алтернатива и за општеството и за државата, и воопшто за планетата.

Затоа, сметаме дека е добро да започнеме со директна комуникација со граѓанките и граѓаните, а наредни активности ќе бидат посета на повеќе општини во градот Скопје, меѓутоа и одржување работилници во соработка со градоначалниците и општинските власти во Кавадарци, Велес, Гостивар, Штип и други градови. Се разбира, ќе бидеме во директна комуникација и со граѓанките и граѓаните и во другите делови од земјата каде што ќе имаме вакви слични помали настани, на улица, на инфо штандови на кои ќе поделиме информации, ќе пуштиме некоја тематска музика, и се разбира, најважно од се, ќе разговараме со луѓето, за сите нивни проблеми, за сите нивни идеи, за тоа како да се надминат нивните локални проблеми, а се разбира и нивните замисли за тоа како треба да се соочуваме со нашите предизвици на национално ниво.

Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“, проект кој и досега имаше многу активности, со фокус групи, со медиумска продукција, со друг тип на активнсоти, и се разбира, е дел од нашата, веќе подолго од пет години, долга соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Тоа е се што би сакале денеска да го кажеме, меѓутоа, би сакал да најавам за јавноста, за нашите поддржувачи, дека очекуваме веќе следниот пат, кога ќе бидеме низ Скопје, да ни се придружат граѓанките и граѓаните, и да го кажат своето мислење. Зошто зелено? Кажете го вашето мислење гласно – изјави Дерала.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Собраниски комисии – Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да одржат седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна седница.

Дивоградби – Советникот во Општина Охрид, од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, како и неговиот брат Ибро Усеини, ќе се бранат од слобода. Двајцата, на 26 август се предадоа на охридската полиција, која по нив трагаше една недела.

Апанажи – До Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието ќе достави предлог до пленумот за гласање, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, поединечно барање на пратеник или функционер се коси со Уставот.

– Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, изјави Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.

Правда и закони – Поредокот мора да важи за сите, а тоа го започнуваме со функционерите. Прекршување на закон значи затвор, а неетичко однесување значи оставка или разрешување. Ред, правда и дисциплина мора да има, истакна вечерва премиерот Зоран Заев за Националната телевизија.

Според Заев, никој не е виновен без судски пресуди, но пресуди мора да има, мора да се зголеми транспарентноста, а поредокот мора да важи за сите.

СЛОБОДНА ЗОНА

Мониторинг тимот на Цивил во текот на изборниот процес разобличи повеќе мрежи на лажни профили за кои е утврдено дека се партиски ботови, коишто организирано и оркестрирано шират говор на омраза и лажни вести – пишува Петрит Сарачини во седмото продолжение во сеопфатната анализа „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (7 дел). Авторот во ова продолжение изнесува експлицитни  примери на „мрежи“ и на оркестрирана пропаганда и омраза на Твитер,

„Такви примери беа детектирани често на социјалната мрежа Твитер, платформа која овозможува анонимно пласирање и споделување на информации, оваа мрежа, истовремено споделува содржини со поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица. Од почетокот на изборниот мониторинг, тимот на Цивил нотира низа од истоветни активности кои имаат цел што поширока дистрибуција на пораки што се дел од црна кампања“, пишува Сарачини, меѓу другото.

Диана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ