• Latest

Преговарачката рамка во јуни, старт на преговорите наесен

June 4, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преговарачката рамка во јуни, старт на преговорите наесен

June 4, 2020 09:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија ќе биде објавена следната недела.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји најави дека преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија треба да бидат објавени „во наредните денови“, а вицепремиерот Бујар Османи, изјави дека очекува тоа да се случи на „9 или 10 јуни“.

-Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, рече Османи, кој при тоа потенцира дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на преговарачката рамка.

Нагласи дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на преговарачката рамка, земјите членки треба да ги изнесат своите национални позиции и на крајот да дојдат до консензус.

– Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, и повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција. Но, се координираме, ние си ги утврдивме нашите државни позиции за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме, истакна вицепремиерот Османи.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски вели дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, неспорноста на македонскиот идентитет, нашето приближување кон ЕУ, добрососедските односи со Бугарија се комплементарни, а јасна е и позицијата на МНР и на Владата.

-Не сакам да коментирам со која намена се тие изјави, меѓутоа не очекувам да има блокирање. Напротив, тој оптимизам го црпам врз основа на тоа што го видов  јас и што го видовме сите заедно што се случуваше кога се боревме за НАТО, особено за добивање одлука да се отворат преговорите со нашата земја. Нашите соседи кои до вчера не блокираа станаа најгласните адвокати, заговорници, поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации, така што, не мислам дека ќе дојде до  блокирање, вели Жерновски.

Првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија, пак, официјален Берлин очекува да се случи за време на нивното претседавање со ЕУ кое го преземаат на 1 јули од Загреб.

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти Меѓувладината конференција која, го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Дадовме зелено светло за Северна Македонија и Албанија, беше многу тешко да ги убедиме нашите партнери во ЕУ, и се надевам дека официјално ќе можеме да ги започнеме преговорите со првите меѓувладини конференции за време на германското претседателство, можеби наесен и конечно се надевам дека ќе бидеме поактивни во регионот, ова е од клучна важност, изјави министерот Рот вчера на конференција на Европскиот политички центар.

Тој истакна дека Западниот Балкан му е „при срце“ и потсети дека на регионот му е ветена ЕУ перспективата пред 17 години.

– Ова е една од најдобрите алатки и ова мора да направиме да успее, мораме да ја зајакнеме видливоста на ЕУ на Западниот Балкан, рече Рот, потсетувајќи дека Унијата ќе даде 3,3 милијарди евра за регионот за справување со здравствената криза и нејзините социо-економски последици.

Објавувањето на овие рамки сега остава простор прашањето да се додаде на дневниот ред на министрите за европски прашања на ЕУ уште овој месец, но за сега ова не е потврдено.

Извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ