• Latest
Преговарачкиот тим на Премиерот Зоран Заев, ја напушти зградата на Собранието околу 3 часот по полноќ, по шестчасовни преговори со тимот на Христија Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Преговарачкиот тим на власта: „Ја одбранивме правната држава! ВМРО-ДПМНЕ со часови ги изневеруваше очекувањата на граѓаните“

September 11, 2019
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преговарачкиот тим на власта: „Ја одбранивме правната држава! ВМРО-ДПМНЕ со часови ги изневеруваше очекувањата на граѓаните“

Според тимот на премиерот Заев, шефот на јавното обвинителство ќе одреди, согласно законските овластувања, кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, судбината на случаите се решава во јавното обвинителство и во судството, а не на преговарачка маса меѓу политичките партии. Државата, конечно, изгради независен судски систем кој функционира непречено, систем кој не може да биде спречен од која било политичка партија.

September 11, 2019 03:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Преговарачкиот тим на Премиерот Зоран Заев, ја напушти зградата на Собранието околу 3 часот по полноќ, по шестчасовни преговори со тимот на Христија Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Преговарачкиот тим на Премиерот Зоран Заев, ја напушти зградата на Собранието околу 3 часот по полноќ, по шестчасовни преговори со тимот на Христија Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Share on FacebookShare on Twitter

„Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ беше уништување на сите предмети од СЈО до 30 јуни, а тоа сакаа да го постигнат преку тоа што нивни обвинител би ги преземал сите предметите за подоцна да ги затвори и уништи. А, предметите после 30 јуни да се затвореле со закон. Тоа се главните барања на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски, кој ни по шест часа, не се согласи да го поддржи процесот на донесување на закон за јавното обвинителство, што е важен услов за продолжување на македонската ЕУ агенда“ – брифираат од преговарачкиот тим на власта, предводен од премиерот Зоран Заев, по прекинувањето на шестчасовните преговори во Собранието на РСМ.

Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им понуди формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција сторена од избрани и именувани функционери, од сега па во иднина, со нови случаи, без разлика кој е на власт. Предлогот беше шеф на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа го одбија зашто нив не ги интересира иднината на правната држава, нив ги интересира да нема правда за предметите на СЈО, брифираат од преговарачкиот тим на власта кој, иако договор не е постигнат ноќва, сепак, сметаат дека постои напредок, ако се погледне постигнатото до сега.

„Ја одбранивме правната држава!“ – велат од преговарачкиот тим на власта. „Со вчерашното преземање на предметите од страна на ЈО, целосно е обезбедена иднината на сите предмети на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството. Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.“

Според тимот на премиерот Заев, шефот на јавното обвинителство ќе одреди, согласно законските овластувања, кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, судбината на случаите се решава во јавното обвинителство и во судството, а не на преговарачка маса меѓу политичките партии. Државата, конечно, изгради независен судски систем кој функционира непречено, систем кој не може да биде спречен од која било политичка партија.

„Апелираме за одговорно и државничко однесување на сите политички чинители вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ. Време е после две години неодговорно однесување во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ да престане да ѝ штети на европската иднина на државата. Долго време преговараме за овој Закон и ред е да носиме принципиелни одлуки кои ќе овозможат правда, независно судство и обвинителство и фер постапки за сите. Одговорноста за неуспехот на овој процес ќе биде токму на ВМРО-ДПМНЕ кои постојано штетат на владеењето на правото, оние кои воведоа неправда и Сваровски судство во земјава, оние кои упорно бараат политиката да одлучува за правната одговорност на политичарите. Ние немаме од што да се криеме или бегаме, сакаме да овозможиме правда и независно судство. Тоа го сакаат граѓаните, тоа го очекуваат нашите пријатели од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ да си ја преземе одговорноста за штетите што ги прави по правната држава и по европските интеграции на земјава“ – заклучуваат од преговарачкиот тим на власта кои заминаа од преговорите околу три часот по полноќ.

Џ. Дерала

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share531TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ