Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија ќе почне утре во Турција, изјави Давид Арахамија, член на украинската делегација и шеф на пратеничката група на владејачката партија Слуга на народот, пренесува МИА.
– Сè уште сме на пат. Поради логистички тешкотии, нашето пристигнување се очекува прилично доцна… Тие (руската делегација) полетаа пред половина час, ќе пристигнат околу 21 часот, посочи Арахамија.
Тој додаде дека преговорите утре ќе започнат во 10 часот.
Предходно денеска Дејвид Арахамија најави дека следната рунда преговори меѓу Украина и Руската Федерација ќе се одржи во Турција од 28 до 30.
И портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е малку веројатно дека преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул нема денеска да почнат и се очекува тие да продолжат во вторник.