Следната рунда преговори меѓу Украина и Руската Федерација ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на Фејсбук Дејвид Арахамија, шеф на парламентарната фракција Слуга на народот, член на украинската делегација, пренесува Укринформ.
Забележано е дека вчера „донесена е одлука следната рунда во живо да се одржи од две делегации во Турција на 28 и 30 март“.
По разговорите меѓу Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Путин, Дирекцијата за комуникации на претседателската администрација на Турција потврди дека следната рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи во Истанбул.
Вчера, шефот на турската дипломатија, Мевлут Вуавушоглу. изјави:
„Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, од утре до среда, ќе доведат до мир во Украина.“
„На иницијатива на турскиот претседател Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и ќе овозможат мир“, напиша Чавушоглу на Твитер, пренесе Тасс.
Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор се договориле за нова директна средба меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, соопштија вчера од кабинетот на Ердоган.
Подготвил Д.М.