• Latest

„Прекини го кругот – омразата не е твој стил“кампањата на ОБСЕ и АМС за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата

November 10, 2021
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

„Прекини го кругот – омразата не е твој стил“кампањата на ОБСЕ и АМС за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата

November 10, 2021 14:16
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

„Прекини го кругот – омразата не е твој стил“ е насловена кампањата за информирање на јавноста што денеска ќе ја почнат Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, со која ги повикуваат младите да помогнат да се зголеми свеста за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата.

Дизајнирана да одговори на негативните наративи поврзани со сите форми на нетолеранција, кампањата има за цел да влијае на општествениот дискурс на позитивен начин, не само меѓу младите, туку и во општеството како целина.

„Денешната кампања е комплементарна на владините напори и има три главни цели. Првата е да придонесе за прифаќање на мултиетничко и општество на различности, како и отфрлање на насилството и дискриминацијата. Втората е да се зголеми јавната свест – особено кај младите – за штетните ефекти од дискриминацијата, говорот на омраза и криминалот од омраза. И трето, да се промовира критичкото размислување и да се подигне свеста за негативното влијание на стереотипите и предрасудите“, рече амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за време на официјалниот старт на кампањата.

„Зошто ја организираме оваа кампања денес? Тоа го правиме за да помогнеме да се создаде нова генерација млади лидери способни да промовираат култура на почитување, разбирање и недискриминација. Сакаме младите да ни помогнат да го прекинеме циклусот на омраза и да изградиме општество со еднакви можности за сите. Се надеваме дека кампањата ќе допре и ќе ангажира голема публика од сите возрасни групи. Би ве повикал сите да ги пренесете нејзините главни пораки и да станете агенти на промените. Ајде да го прекинеме циклусот заедно!“ додаде тој.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски бодрењето на терен од страна на навивачите е значајно, но не смее да премине во говор на омраза помеѓу навивачките екипи, бидејќи со тоа може да се предизвика физичко, па дури и психичко насилство.

– Лично поттекнувам од спортот. Јас сум долгогодишен спортист кој лично слушнал скандирање на натпревари, бодрењето на екипите на терен е сосем во ред, но кога тоа ги поминува границите и преминува во говор на омраза, скандирањата стануваат непријатни за играчите и од двете екипи. Многу е важно младите луѓе да се растоварат од секаков вид омраза, да сфатат дека омразата не е нивни стил, не е ничиј стил, омразата и нетолерацијата раѓаат само зло, регрес и поделби, изјави Мојсовски.

Тој порача дека младите ја имаат таа обврска да го прекинат синџирот на омразата и да ја негуваат толеранцијата

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, се согласи дека младите се важен сегмент во градењето на прогресот.

– Стратегијата и нашите политики за едно општество се клучните стожери на политиките на Владата, но со нив ги адредсираме сите проблеми, аномалии и недостатоци кои беа со години констатирани од различни институции. Младите ни се посебно битен сегмент и тие се едни од седумтте стратешки подрачја кои што ние ги адресираме во стратегијата и апелот до нив е огромен. Ние веруваме дека токкму младите се тие кои може да го донесат прогресот, но и да ја направат промената во општествените практики. Не беа реткост и криминалот сторен од омраза и на социјалните медиуми и генерално во јавниот живот насилството стереотипите монокултурата и непочитувањето на разликите преовладуваат, истакна Алаѓозовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ