• Latest

Преку 2.000 потписи за иницијативата „Крај за расипништвото“

July 8, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Преку 2.000 потписи за иницијативата „Крај за расипништвото“

ЦИВИЛ формираше граѓанска работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото на 5 јуни 2019, кога се одржа и трибина на истата тема. Прв чекор на ЦИВИЛ и Работната група е онлајн петиција со барања за укинување на привилегиите: Иницијатива за укинување на привилегиите – #КрајЗаРасипништвото

July 8, 2019 10:22
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска објави дека Иницијативата #КрајЗаРасипништвото до сега ја потпишале над 2.000 граѓанки и граѓани. Поточно, во моментот на објавување на оваа информација, својата поддршка ја дале точно 2.202 потписнички и потписници.

Организацијата на својата Фејсбук страница повика: „Споделете ја со своите пријателки и пријатели, разговарајте и коментирајте. Придонесот на секој поединец е од непроценлива вредност. ЦИВИЛ ви благодари за поддршката!“ Од Организацијата информираат дека следните чекори ќе бидат најавени во текот на месец август, а конкретни чекори ќе се преземат веднаш по завршувањето на годишните одмори на македонските народни избраници.

ЦИВИЛ формираше граѓанска работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото на 5 јуни 2019, кога се одржа и трибина на истата тема. Прв чекор на ЦИВИЛ и Работната група е онлајн петиција со барања за укинување на привилегиите: Иницијатива за укинување на привилегиите – #КрајЗаРасипништвото.

Со Иницијативата се бара, меѓу другото укинување на привилегиите на функционерите на локално и државно ниво, вклучително и раководителите на државни агенции и други институции. Поточно, Иницијативата се однесува на функционери, именувани или избрани, на локално или државно ниво.ЦИВИЛ ја покрена Иницјативата #КрајЗаРасипништвото со која се бара сите привилегии да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Барањата од ЦИВИЛ и граѓанките и граѓаните подразбираат сериозни, искрени и доследни интервенции во: Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието, Законот за пратениците, Законот за правата на претседателот, како и во низа други закони, деловници, правилници и друга регулатива што овозможува расипничко трошење на јавните пари и злоупотреби на моќта на локално и национално ниво.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот. Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

На трибината „Крај за расипништвото“ што на 5 јуни ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери.

По презентацијата на барањата на ЦИВИЛ, сите присутни ја искористија можноста јавно да ги изнесат своите ставови и конкретни предлози на оваа тема. Исто така, се одржа и работна средба на која се формираше Граѓанската работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото. Се донесе одлука, како прв чекор, да се поведе и онлајн петицијата, а истовремено се работи на конкретни предлози и во насока на укинување, односно редуцирање на привилегиите и поголема контрола на трошењето на парите на граѓанките и граѓаните.

ЦИВИЛ Тим за комуникации


ЛИНК ДО ПЕТИЦИЈАТА

 

Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ