Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, на официјалната Фејсбук страница на Министерството за здравство постави телефонски број, на кој граѓан(к)ите ќе може да му се обратат со свои идеи, жалби, предлози и поплаки. Преку хаштагот #ЗдравоТаравари, граѓан(к)ите ќе може лично да комуницираат со министерот.
„Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349 – 999 на која граѓаните преку електронска порака на Whatsapp или Viber може да ми се обратат со каква било идеја, предлог, пофалба, или пак, неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем“, соопштува Таравари.
Под хаштагот #ЗдравоТаравари, министерот за здравство ќе има можност лично да ги слушне мислењата и искуствата на граѓан(к)ите од здравствениот систем и заеднички да ја смени перцепцијата за нашето здравство.