На Фејсбук страницата на Јован Кукузел на 1 јули е постирана фотографија, со опис „Она кога живееш за лајкови“.

Една од причините зошто тимот на ЦИВИЛ почека со објавувањето на оваа вест е за да утврдиме дали нашите двоумења се основани.
Затоа, за овој случај се консултиравме со нашиот ИТ тим, како и со други инфлуенсери на Инстаграм, кои се повеќе запознаени со ова.
Разговаравме со петнаесет различни познавачи на апликацијата и речиси од сите добивме различни објаснувања, но со ист заклучок. Никој нема сретнато апликација која што изгледа вака, така што голема е веројатноста дека станува збор за монтажа. Од нашиот тим добивме одговор дека можноста сликата да биде едитирана оди до 90 отсто.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ













