• Latest

Преку широка општествена дебата ќе дојдеме до најдобар модел за основното образование, вели Заев

December 18, 2020

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Преку широка општествена дебата ќе дојдеме до најдобар модел за основното образование, вели Заев

December 18, 2020 14:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека е непходно да се направат реформи во основното образование. Дебатата за нив вели е отворена, и ќе се чујат сите кои имаат што да кажат за ова прашање и ќе се вградат во реформите. На таков начин, уверен е премиерот, ќе се дојде до модел кој ќе биде најдобар и во интерес на децата и државата, пренесува МИА.

-Допрва почнува дебата, таа е заснована на финскиот модел, дебата за реформа која ќе ги намали часовите, а ќе го зголеми периодот на поминување на децата во училиштата во основното образование заради многу социјални општествени, хумани дејности, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштање во употреба на градинка во Ресен.

Најави дека во рамки на дебатата ќе се чујат сите мислења на експертите, на вработените во основното образование, на факултетите кои продуцираат кадри, но, како што рече, најмногу ќе ги слушнеме и родителите и нивното искуство.

-Ќе ги слушнеме сите стручни лица кои со години дебатираат дека се учи со материјал со преголем баласт и непотребни работи. Треба да го фокусираме образованието на тоа што навистина им треба на децата, а дополнително преку социјалните и општествените анимации, дејности и слично ќе го збогатува нивниот репертоар на знаење од општествен карактер, истакна Заев.

Според него, реакциите што деновиве се јавиле во јавноста и на социјалните мрежи се очекувани.

-Јас гледам овие денови на социјалните мрежи реакции. Се работи за голема и сериозна реформа, нешто што допира до иднината на државата, а тоа е, пред се, основното образование за нашите деца. Логично е да се отвори дебата. Наша намера е да ги слушнеме сите, да ги вградиме сите елементи, но и да смогнеме сила и храброст да ги направиме реформите. Ако велевме сите овие години дека едно дете од 7 – 8 години  има по шест или седум часа, тоа е баласт, па правевме анализи што се непотребно се учи, колку тоа му го скратува детскиот дел од денот на детето. Затоа сметаме дека треба да ги отвориме реформите. Топлата вода е измислена по светот и по Европа. Да видиме што е најдобро да примениме тука, рече премиерот Заев.

Тој додаде оти е уверен дека преку дебатата што е отворена ќе биде избран најдобар модел.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕвропаЗоран Заевобразованиереформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result