Првата професионална детска претстава на знаковен јазик „Три“, денеска гостуваше во Младинскиот културен центар во Скопје. Наменета е за широката детска публика, а истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик.
„Пред 11 години работев на музички фестивал каде што на крајот од фестивалот имаше монолог кој беше преведен на знаковен јазик. Децата беа воодушевени од музичкиот настан и тоа ме инспирираше еден ден да направам претстава на знаковен јазик“, изјави режисерот Јован Ристовски за Фронтлајн
Претставата е работена по легенда од Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а главна тема се еколошките проблеми на денешницата. Еко-катастрофата која се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Акцентот е ставен на тоа дека пластичните отпадоци треба да се фрлаат во сина корпа, хартијата во жолта, а останатите отпадоци во зелена корпа.
Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.
М.A.
Извор: Фронтлајн.мк