• Latest

Премиерите на Вишеградската група ја повикаа ЕУ за одлука за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија

September 12, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерите на Вишеградската група ја повикаа ЕУ за одлука за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија

September 12, 2019 14:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на државите на Вишеградската група на денешната средба во Прага со претседателите на владите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Зоран Заев,  усвоија Декларација на Вишеградската група за Западниот Балкан.

Како што информира прес-службата на Владата, лидерите од Вишеградската група во Декларацијата ја потврдуваат нивната недвосмислена поддршка за пристапувањето на државите од Западниот Балкан во Европската Унија и увереноста дека обединувањето на Европа нема да биде целосно без пристапувањето на Западниот Балкан во Европската Унија.

– Во текстот на Декларацијата се нагласува дека политиката на проширување на Европската Унија е значајна алатка со непроценлива вредност за постигнување безбедност, стабилност и просперитет во Западниот Балкан; оттаму, постоењето на кредибилна политика за проширување претставува стратешка инвестиција за безбедноста, стабилноста и просперитетот и на Европската Унија. Во овој документ на Вишеградската група се напоменува дека пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги и кој целосно зависи од објективно постигнатиот напредок, и се повикуваат сите засегнати страни во Европската Унија, а во однос на октомврискиот Совет за општи работи, да го задржат и зајакнат позитивниот импулс и енергијата која произлезе од напредокот во реформите и од стапувањето во сила на историскиот Преспански договор, преку отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, наведува владината прес-служба.

Декларацијата на Вишеградската група нагласува дека започнувањето на пристапните преговори во октомври 2019 година не само што ќе овозможи двете држави да се посветат уште повеќе на потребните реформи, туку ќе служи како значаен поттик за целиот регион и гаранција дека Европската Унија ќе продолжи да има водечка улога во позитивната трансформација на регионот.

Премиерите на земјите членки на Вишеградската група во декларацијата изразуваат очекувања, во согласност со Стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан од февруари 2018 година, дека пристапните преговори со Србија и Црна Гора ќе бидат забрзани во текот на следниот мандат на Комисијата во согласност со напредокот постигнат од двете држави, како и дека реформските процеси во Босна и Херцеговина и Косово во натамошниот период ќе ги зајакнат шансите за членство во Европската Унија на регионот.

Во Декларацијата од Прага се повторува поддршката за државите партнери од Западен Балкан во нивната подготвеност за одржување на стабилноста во регионот, зајакнување на владеењето на правото, борбата со организираниот криминал и корупцијата, зајакнувањето на отпорноста кон хибридните закани, спречување на радикализацијата и контрола на миграцијата.

Земјите членки од Вишеград во Декларацијата нагласуваат дека ја имаат предвид стратешката улога на Западниот Балкан во зајакнувањето на диверзификацијата на енергетските извори на Европската Унија преку Јужниот коридор и ја изразија својата подготвеност за подобрување на соработката помеѓу државите од Вишеградската група и Западниот Балкан.

Во завршницата на Декларацијата на Вишеградската група се потенцира подготвеноста на државите од Вишеградската група за натамошна поддршка за широка регионална соработка, добрососедски односи и помирување на Западниот Балкан, меѓудругото и преку грантови на Меѓународниот вишеградски фонд, програми за стипендирање или помош за Фондот за Западниот Балкан.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ