Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денес, 4 април 2022 година (понеделник), ќе учествуваат на трибината по повод Денот на НАТО, која традиционално секоја година ја организира Евроатлантскиот совет на Северна Македонија. соопштува владината прес служба.
На настанот, ќе се реализира во М6 едукативниот центар во Скопје, со почеток во 10:00 часот. свое видео-обраќање ќе имаат и Кармен Ромеро, заменик-помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО, како и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз.
Трибината по повод „Денот на НАТО – 4 април” е традиционална активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како информативен настан кој има за цел да ја информира пошироката јавност и медиумите за развојот на настаните на глобално ниво, нашиот придонес како земја, како и бенефитите од членството во НАТО алијансата.