• Latest

Премиерот Ковачевски од средбата со ЦИВИЛ: Градиме просперитетно општество со еднакви можности за сите

May 10, 2022
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Премиерот Ковачевски од средбата со ЦИВИЛ: Градиме просперитетно општество со еднакви можности за сите

May 10, 2022 18:19
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими делегација на организацијата за човекови права ЦИВИЛ, којашто ја предводеше претседателот на организацијата, пишува во соопштението на Владата.

На средбата стана збор за владините програми и соработката со граѓанските организации во јакнење на граѓанските вредности и капацитети во државата, борбата против дезинформациите, транспарентност на институциите, како и имплементацијата на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”.

Премиерот Ковачевски на средбата посочи дека во изминатите пет години Владата покажа што значи демократија, лична слобода и право на мислење, почит, толеранција и недискриминација и дека со владината стратегија за едно општество се идентификувани темелните одредници за заедница во која секој граѓанин, без исклучок, ќе се чувствува како еднаков, рамноправен припадник на општество, кое е и фер и правично за сите.

Со промената на власта во 2017 година, истакна Ковачевски, и за медиумите, и за граѓаните се случи пресврт во медиумскиот етер по повеќе основи. Запре репресијата, диктирањето и контролата, а на јавната сцена доминираат слободата на мисла и на изразување, гласната критика и натпреварот на мислења, идеи и аргументи.

На состанокот беше посочено дека низ максимално почитување на принципот на инклузивност, Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт.

Премиерот Ковачевски на средбата како посебно значајна ја нагласи активноста на ЦИВИЛ МЕДИА, како дел од организацијата за човекови права ЦИВИЛ, во разобличувањето на дезинформациите.

Во однос на актуелната кампања на опозицијата за блокади и за бојкот на институциите, на средбата беше потенцирано дека станува збор за неодговорно однесување кое единствено има за цел да генерира дополнителна криза за да се предизвикаат предвремени избори.

На средбата беше изразена согласност дека од посебна важност е да заврши процесот за реформи на изборниот процес, и дека во овој момент предвремените избори ќе предизвикаат дополнително одлагање и на другите процеси кои се од посебна важност за граѓаните и државата.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ