Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласија 15 септемви за Меѓународен ден на демократијата во 2007 година со цел да се зајакнат и промовираат принципите на демократијата во светот. Оваа година ОН го одбележуваат овој датум под мотото Партиципација (учество), со цел да потсетат дека демократијата е за луѓето.
Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод овој меѓународен датум:
„Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да се почитува туѓото мислење, да се слуша и прифаќа критиката – тоа е демократијата!
Во името на овие вредности и принципи и во името на борбата на граѓаните на нашата земја за подемократско општество, го честитам Меѓународниот ден на демократијата.
Демократијата долго страдаше во Северна Македонија. Слободата, мислата, новинарството и одлучувањето на граѓаните без притисок беа незамисливи. Ама се изборивме, заедно создадовме мнозинство преку кое демократијата ја надвладеа автократијата.
Нека е вечна слободата, преку неа ќе ја унапредиме и демократијата.“
Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да…
Gepostet von Zoran Zaev am Sonntag, 15. September 2019
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, по повод овој ден, изјави:
„По повод одбележувањето на Денот на демократијата, ги повикувам сите влади да го почитуваат правото на активно, содржајно и вистинско учество, и им оддавам признание на тие што неуморно се трудат тоа и да го остварат.“