• Latest

Премиерската позиција предмет на меѓупартиски условувања и лажни вести

August 15, 2020
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерската позиција предмет на меѓупартиски условувања и лажни вести

August 15, 2020 08:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите околу формирањето на новата влада се уште течат, а јавноста со нетрпение ги исчекува конечните резултати од тие преговори. Нови (проверени и непроверени)  информации за тоа како ќе биде поделена власта и за премиерската позиција се пласираат секојдневно од медиумите. Синоќа се пласираше вест дека СДСМ и ДУИ постигнале договор, со детали коишто подоцна беа демантирани.

По демантот на СДСМ на објавата на Канал 5 дека е постигнат  договор со ДУИ за влада, односно дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери , и дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, Артан Груби  од ДУИ ги обвини албанските опозициски партии дека поттикнуваат лажни вести.

– Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните, вели Груби.

Генералнито секретар на Алијансата за Албанците и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на синоќешното гостување во емисија на ТВ Алфа  изјави дека СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада, која ќе има мнозинство од 62 пратеници заедно со ДПА.

-Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот – рече Таравари.

Таравари соопшти дека соработката со Алтернатива на Африм Гаши е цврста и најави дека отсега разговараат за локалните избори.

Од СДСМ во целост ја демантираа објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија, пришто истата вест од Канал 5 ја споделеиле и други медиуми, со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери – ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда.

Од СДСМ соопштија дека  доколку има договор тоа јавно ќе го соопштат.

Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива останува на ставот дека би ја  поддржале Владата меѓу СДСМ и ДУИ само доколку  ДУИ ја исполни заложбата и ветувањето пред  гласачите за премиер Албанец, во спротивно ќе ги искористат сите демократски механизми за да ја однесат ДУИ во опозиција.

„Ако ДУИ не ја исполни оваа заложба за која има легитимитет, таа партија нема право поинаку да учествува во владата. Затоа нејзиното место ќе биде во опозиција.“

-Или Насер Зибери премиер, или одете во опозиција, е ставот на Скендер Реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ