• Latest
фото: Томислав Георгиев

Препукување меѓу партиите за пожарот во Тетово, ДИК со проверка на 297 кандидати за градоначалници и 546 советнички листи, пристигна серверот за отпечатоци од прст, средби со гласачите

September 13, 2021

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Препукување меѓу партиите за пожарот во Тетово, ДИК со проверка на 297 кандидати за градоначалници и 546 советнички листи, пристигна серверот за отпечатоци од прст, средби со гласачите

September 13, 2021 16:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
фото: Томислав Георгиев

фото: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска (13 септември), пристигна серверот потребен за користење на системот со кој на претстојните локални избори гласачите ќе се идентификуваат со отпечатоци од прст. Вчера (12 септември) ДИК објави дека вкупно 297 кандидати за градоначалници и кандидатите на 546 листи за советници ќе влезат во изборна трка во 80 општини и Град Скопје на локалните избори, закажани за 17 октомври.

И денеска политичките партии продолжија да се препукуваат за тоа кој е виновен и кој треба да даде оставка за трагедијата во Тетово…

ПАРТИСКО ПРЕПУКУВАЊЕ

И денеска продолжува партиското препукување околу оставката на министерот за здравство Венко Филипче, по трагедијата во тетовската болница каде во пожар загинаа 14 лица.

ВМРО-ДПМНЕ денеска со четири соопштенија, едно по друго, побара оставка од Венко Филипче и Илир Хасани, но и од премиерот Зоран Заев за трагедијата во Тетово.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаме негова смена“, велат од опозициската партија.

Со ист став излезе и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и повика да не се врши притисок врз истрагата.

„Како да не беа доволни 14-те живи запалени жртви, владата наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, таа се обидува да се амнестира преку закани и уцени. Изминативе денови и понатаму се врши притисок над семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово.

Ве повикувам итно да престанете со таквите притисоци, оставете ги истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал што веќе сте го оставиле да работи во тешки-мизерни услови“, вели Села.

Од СДСМ велат дека во време на национална тага и целосна мобилизација на институциите за расветлување на случајот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата.

„Недозволивата политизација на трагедијата го покажа политиканството и непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски. Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. (член 94, Устав).

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски. Заврши времето кога политиката доминираше над правото“, велат од СДСМ.

КАМПАЊА 

Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот пратеник Дарко Костовски, побара општината да престане со градежните активности и да ја дислоцира модуларната амбуланта.

„Станува збор за ист тип на модуларна амбуланта како онаа во Тетово изградена од иста фирма блиска до власта“, истакна Костовски.

Актуелниот градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, е кандидат за уште еден мандат од редовите на коалицијата ЛДП-ДОМ. Во изминатите денови, во попладневните часови остварува средби со жителите на населбата.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД НА ТЕРЕН

Носителите на Советничката листа на Зелен хуман град на Фејсбук повикаа на средби активисти за заштита на животните, за да ги слушнат нивните барања и решенија.

Една од активистките која зборуваше на отворениот јавен настан беше Гизела Бошковска Георгиевска – Анима Мунди, која инаку е на 11 место на советничката листа на ЗХГ.

КАНДИДАТУРА ДО ДИК

Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, а поднесени се и 546 листи за советници, покажуваат резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија (ДИК). Листите на пријавени на кандидати во општинските изборни комисии што ги испрати ДИК се без имиња, туку само со подносителите на кандидатурите.

ФИНГЕРПРИНТ

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска пристигна серверот потребен за користење на системот со кој на претстојните локални избори гласачите ќе се идентификуваат со отпечатоци од прсти. Со серверот пристигнаа и 10 станици за полнење на терминалите со информации за гласачите и тој сега ќе биде подложен на тестирање.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ПОТСЕТНИК: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ