• Latest

Повикот за краткорочни изборни набљудувачи трае до 30 септември, ЦИВИЛ одговори на прашањата од заинтересираните

September 2, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повикот за краткорочни изборни набљудувачи трае до 30 септември, ЦИВИЛ одговори на прашањата од заинтересираните

September 2, 2021 12:38
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги потсетува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани дека во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

Во одговор на повеќе прашања од заинтересираните, од Организацијата информираат дека доволно е да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не. Заинтересираните треба да се пријават што поскоро и да не чекаат истекување на рокот (30 септември). 

КОЈ НЕМА ПРАВО ДА УЧЕСТВУВА НА ПОВИКОТ?

Од ЦИВИЛ нагласуваат дека членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.

ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Постапката за селекција на апликациите ќе трае најдоцна до 3 октомври, а веднаш потоа ќе се одржат и семинари за обука, соодветно на ситуацијата со КОВИД-19.

Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. Обуките, како и самото набљудување на изборниот процес ќе се спроведат со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Пожелно е сите набљудувачи на ЦИВИЛ да бидат вакцинирани со две дози вакцина.

На обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Во изминатион период, до Организацијата пристигнаа голем број нови прашања. Одговорите на најновите прашања, заедно со претходните, објавени се на 29 август. Пред да постават прашање, заинтересираните се повикани прво да ги прочитаат веќе одговорените прашања.

ЦИВИЛ го спроведува мониторингот на изборите како дел од проектите „Европски перспективи, следно ниво“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија од САД.

ЦИВИЛ ги повика сите заинтересирани да не се двоумат да се јават на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишат порака на ФБ страницата на ЦИВИЛ, односно на е-пошта, civil@civil.org.mk.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ