• Latest

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе, 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал

May 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе, 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал

May 28, 2021 15:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка и координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Истражното биро на Министерството за правда на Тајван пресече меѓународен канал за трговија со луѓе.

– Постапувајќи по Замолница за меѓународна правна помош од Тајван преку ЕУРОПРАВДА, на почетокот на месец мај годинава е спроведена акција во која се пронајдени 48 лица од Тајван од кои седум лица се организатори – припадници на криминална група, а останатите потенцијални жртви на трговија со луѓе. Во акцијата се извршени претреси на две локации во населбата Бардовци, каде што се пронајдени 42 лица. Четири лица – организатори и предмети се пронајдени во два хотела во Скопје, а двајца од организаторите се лишени од слобода на ГП Блаце при обид да ја напуштат државата. По пронаоѓањето, до вчера лицата беа сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на постапката, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одржал онлајн состанок со надлежниот јавен обвинител од Тајван и претставници на Република Северна Македонија и Тајван во ЕУРОПРАВДА. На состанокот биле споделени информации дека за организаторите се води истражна постапка во Тајван заради основано сомнение за сторени кривични дела измама и перење пари. Врз основа на споделените информации, согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставил барање за отстапување на кривичното гонење.

– Оваа организирана криминална група, т.н. „Синдикати“ ги врбувала лицата во Тајван, ветувајќи им подобра работа и поквалитетен живот. Со цел да ги средат административните процедури за патување на жртвите им ги одземале патните исправи, а откако жртвите биле донесени на целното место им биле одземани и мобилните телефони. Жртвите ги сместувале во куќи и истите постојано биле придружувани од некој од организаторите со цел да бидат контролирани и оневозможени да контактираат со надворешноста. Задачата на жртвите била преку брз интернет да воспоставуваат контакти со потенцијални жртви на финансиска измама. Тие биле поделени во три групи како телефонски оператори што работеле на три нивоа, се вели во соопштението.

„Операторите“ во првото ниво на жртвите со кои комуницирале, се претставувале како службеници во банка, поштенска служба или осигурителна компанија. Во второто ниво, со цел да прибават целосни лични податоци, се претставувале како полициски службеници и барале доказ од жртвите за извршена уплата на измислена казна врз основа на која ги краделе личните податоци на жртвите. „Операторите“ од третото ниво претставувајќи се како обвинители и судии, ги убедувале целните жртви дека ќе се соочат со тешки обвиненија доколку не соработуваат и не префрлат одреден износ на парични средства на сметки што биле наменети за наводно намалување, односно ослободување од казната.

– Во текот на вчерашниот ден, сите 48 лица во придружба на овластените лица од Истражното биро на Министерството за правда на Тајван, се вратени во Тајван заедно со севкупниот доказен материјал обезбеден при извршените претреси. Вакви слични акции во текот на минатата година беа спроведени и во Република Црна Гора, соопшти Јавното обвинителство

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ