• Latest

Пресек: Руски дипломат прогласен за персона нон-грата, во ЕУ со португалското претседателство, дебата на ЦИВИЛ за еднаквост и мултикултурализам

May 18, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Руски дипломат прогласен за персона нон-грата, во ЕУ со португалското претседателство, дебата на ЦИВИЛ за еднаквост и мултикултурализам

May 18, 2021 18:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Руски дипломат прогласен за персона нон-грата

Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.

 Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, како што велат од МНР, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.

„Информиран сум, од тоа што го видов, случајот беше документиран од надлежните институции, не стануваше збор за импровизација“, изјави на прашање од Гласот на Америка претседателот Стево Пендаровски за протерувањето на рускиот дипломат.

„Се водеше сметка и од човечкиот аспект, не само за дипломатската конвенција, да не биде тоа преку ноќ. Тие луѓе имаат и семејства и идруги интереси и нехумано е да постапуваме на таков начин“, додаде Пендаровски во однос на рокот од седум дена за дипломатот да ја напушти земјата кој му бил даден од човечки аспект.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Димитров: Деновиве очекуваме засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ

„Има извесни контакти на различни нивоа. Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа треба да знае јавноста дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство“, истакна вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, кој најави дека овие денови се очекува засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ, со цел одржување на првата меѓувладина конференција.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.

Учесници на панелот беа: Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мерсиха Смаиловиќ, активистка, Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, и Џељо Хоџиќ, зам. директор на АОПЗ и колумнист, а модераторка е Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација? Со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата? Кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја? Тоа беа дел од прашањата на кои се обидуваат да одговорат учесниците на овој јавен настан.

„Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ на 20 мај (во четврток), во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел дискусијата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МЕДИУМИ Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI),  платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација.

СОБРАНИЕ  Пратениците денеска пред утврдување на дневниот ред на 41. седница не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со КОВИД-19 во приватните здравствени установи. Не беше усвоен и предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.

ПОЛИТИКА Во Уставниот суд денеска се одржа подготвителна седница по иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година.На подготвителната седница, на покана на претседателот на Уставниот суд Сали Мурати присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери

Делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел вечерва во Брисел организира заедничка работна вечера со лидерите на шесте земји од Западен Балкан. Од Владата на РСМ потврдија дека премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе оствари посета на Брисел, а вечерва ќе присуства на закажаниот настан од страна на шефот на дипломатијата на ЕУ.

ОБРАЗОВАНИЕ Турската агенција за соработка и координација ТИКА ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата на Република Северна Македонија за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, инвестирајќи во повеќе негови сегменти, со особен фокус на инфраструктурните проекти. Ова било потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претседателот на ТИКА Серкан Кајалар која се одржа во главниот град на Турција, каде делегација од МОН во која покрај министерката е и заменик министерот Арафат Шабани, е во неколкудневна посета.

ВАКЦИНИ  Министерството за здравство ја информира јавноста дека вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер. Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19.

Според договорт, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори  во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

СЛОБОДНА ЗОНА

„Греши Заев како економист, кога вели дека Сања Лукаревска ги враќа назад парите кај граѓаните.

Точно е тоа дека таа парите само ги зема од граѓаните, а безмилосно, не поради нејзина вина, ги троши големата државна администрација, за која сите влади досега ветиле дека ќе се намали“, поентира Џевдет Хајредини во „Каде одат парите на граѓаните?“.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    167 shares
    Share 67 Tweet 42
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ