Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ зборуваше за потребата од правично застапување во администрацијата.
Нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација но тоа не смее да прерасне во чиста дискриминација. Правото на правична застапеност произлегува од Рамковниот договор, бидејќи ние 70 години никако да дојдеме до тој ред. Но балансерот како алатка за жал е несреќна алатка која повеќе дискриминира отколку да помага. Бројките се поправаат но треба уште да се работи на тоа.
Треба да се најде начин да се дојде до еден среден рок, да се дојде до тој момент нашата администрација да биде правично застапена.