• Latest

Пресек: Самит на НАТО со Северна Македонија, судиите со поголеми плати за 15 отсто, младите и европските перспективи

June 14, 2021
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Самит на НАТО со Северна Македонија, судиите со поголеми плати за 15 отсто, младите и европските перспективи

June 14, 2021 19:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Самитот на НАТО

Во Брисел денеска се одржува Самит на НАТО, на кој Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев. Ова е прва средба на шефовите на држави или влади на членките на Алијансата на која Северна Македонија учествува како полноправна членка на НАТО. Целта на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е лидерите да се усогласат за „амбициозна“ агенда за 2030-та година во однос на безбедноста и одбраната.

Сајбер безбедноста, климатските промени и секако зголемувањето на буџетските стапки на земјите членки за одбраната, се меѓу најважните теми на дискусија. Односите со Русија и Кина, исто така, се меѓу клучните теми за разговор, посебно како НАТО да се постави во однос на подемот на овие две светски сили.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Самитот 2021 на Северноатланскиот совет се одржува во клучен момент за нашата колективна безбедност

„Сите ние лидерите на НАТО и на земјите-членки сме согласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици. Трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации безбедни. Сега имаме историска можност да ја зајакнеме врската меѓу Европа и Северна Америка и да го подготвиме НАТО за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на нашата Алијанса е во срцето на Самитот“, наведува Заев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СУДСТВО Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.

РАЗЛИЧНОСТИ Менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, реформи во образовниот процес уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи, медиумите, промени во политичкиот систем се дел од заклучоците кои призлегоа од денешната панел дискусија „Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА.

ДИВОГРАДБИ Започна уривањето на платформите  во Струга. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог  на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби извршија увид на крајбрежјето, најави дека  ќе се отстрануваат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под УНЕСКО.

ВАКЦИНАЦИЈА Вакцините кои Грција ги најави за Северна Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје. Се работи за 20.000 дози од Астра Зенека.

РОДОВИ ПЕРСПЕКТИВИ Општина Карпош се вклучи во проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, информираат од Општината.

ЦИВИЛ 7: Младите и европските вредности, декретот на Бајден и самитот на Г-7

СЛОБОДНА ЗОНА

„Општество без сеќавање нема ни иднина. А оние што бришат архиви нема да го скријат своето мрачно минато и сегашност, туку само покажуваат какви ќе бидат и во иднина. Архивите не се бришат само за да се запретаат трагите од неделата, туку да се создаде простор за уште поголеми недела“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Општество без сеќавања нема иднина“.

„Данските и финските навивачи одржаа една европска лекција по фудбал. Вистинските љубители на фудбалот од цел континент, фудбалските фанови ширум светот се обединија и му посакуваат на Кристијан Ериксен побрзо закрепнување… Оваа лекција е особено важна за оние усвитени глави меѓу фудбалските навивачи кај нас, оние што во фудбалот гледаат само уште една алатка за сеење омраза и поделби во и онака крајно поделеното и исполитизирано македонско општество“, пишува Петрит Сарачини во „Фудбалски навивачи со лекција по човечност“

„Во вториот дел од оваа анализа прочитајте малку познати или непознати факти за настаните од 2001 година, идеите за поделба на земјата и размената на териториите кои во тоа време некои се обидуваа да ги стават на маса. За да се разбере пораката од претседателот Бајден и за да се сфати колку се опасни игрите околу негирањето и поткопувањето на договорите како Охридскиот, Преспанскиот, Дејтонскиот и други, потребно е да се свертиме кон времето кога тие се донесени. Во ова продолжение, се враќаме во 2001 година“, пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (2)“

„Трендовите кои европската крајна десница се обидува да ги наметне во современите општествено политички текови, претставуваат обид да се врати времето на балканските крвопролевања, за кои мислевме дека се неповратно заминати во историјата. Тие сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото“, се вели во вториот дел од анализата „Сеништата на минатото (3)“ на Александар Николиќ Писарев.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ