„Данските и финските навивачи одржаа една европска лекција по фудбал. Вистинските љубители на фудбалот од цел континент, фудбалските фанови ширум светот се обединија и му посакуваат на Кристијан Ериксен побрзо закрепнување.
Оваа лекција е особено важна за оние усвитени глави меѓу фудбалските навивачи кај нас, оние што во фудбалот гледаат само уште една алатка за сеење омраза и поделби во и онака крајно поделеното и исполитизирано македонско општество.
Оваа генерација фудбалери успеа да го оствари сонот и да ја донесе македонската фудбалска репрезентација во врвот на европскиот фудбал, на финалната смотра на најдобрите европски селекции. Екипа со фудбалски, човечки квалитети, но и вистински репрезент на нашиот преубав мултикултурен мозаик.“
Петрит Сарачини, 12 јуни Миднајт Експрес: Кое лице на фудбалот ќе го избереме?