• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Општество без сеќавања нема иднина

June 13, 2021

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Општество без сеќавања нема иднина

Општество без сеќавање нема ни иднина. А оние што бришат архиви нема да го скријат своето мрачно минато и сегашност, туку само покажуваат какви ќе бидат и во иднина. Архивите не се бришат само за да се запретаат трагите од неделата, туку да се создаде простор за уште поголеми недела.

June 13, 2021 14:13
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Првиот дел од анализата „Сеништа на минатото“ од политичкиот аналитичар и ветеран во новинарството, Александар Николиќ Писарев го објавив на 2 јуни. Вториот дел уследи по два дена, по што го замолив авторот да ми обезбеди линк од цитатот на една колумна на поранешниот премиер Георгиевски во „Дневник“. Беше интересно да се следи потрагата на Писарев по „доказ“ за критичниот цитат. Го најде, конечно, го скенираше и стана дел од третото продолжение на анализата.

Оваа случка зад кулисите на медиумската продукција уште еднаш го оживеа непријатното сознание за исчезнувањето на електронските архиви со текот на времето, а и оние, физичките (со исечоци, каталогизација) се во многу лоша состојба. Впрочем, сведоци бевме на разни пожари и поплави на архиви во изминатите децении.

„Пресметката“ со минатото прво им задава удар на архивите, било да се електронски или физички. Често се случуваат и ненамерни технички грешки, што е дополнителен знак за неажурност, но тие грешки барем може да се исправат.

Тука не зборуваме за архиви на помали медиуми или невладини организации од кои, исто така, се очекува да бидат коректни во архивирањето на своите содржини и јавни комуникации. Но кога архивите на големи медиумски компании и државни институции не функционираат, тоа е знак за нешто сосема друго.

Затоа, имаме право и да се посомневаме дека зад бришењето на архивите стои некаква намера, политичка одлука, можеби и криминал. Ќе речете, па „Дневник“ веќе не постои, нема зошто да ја одржуваат архивата! Не е баш така, но и да е така, имаат барем морална и професионална обврска и тие, но и институциите, како НУБ, да најдат начин и да ја направат достапна архивата од јавно објавените содржини. И запомнете, не е колумната на Георгиевски толку важна – ова е само мала илустрација за тоа што ни се случува веќе со години.

Општество без сеќавања нема иднина. А оние што бришат архиви нема да го скријат своето мрачно минато и сегашност, туку само покажуваат какви ќе бидат и во иднина. Архивите не се бришат само за да се запретаат трагите од неделата, туку да се создаде простор за уште поголеми недела.

И така, додека траеше потрагата по архивскиот податок за една анализа, стаса абер од Овалната соба преку океанот: кој не ги почитува договорите, ќе биде санкциониран. Па тоа повлече уште една обемна анализа од истиот Автор, „Кој (не) ја разбра пораката од Бајден?“.

Реакциите на Извршната наредба од американскиот претседател самите ја составија листата на непријателите на мирот и стабилноста во Северна Македонија и во регионот. Влегоа во „војна“ со Брисел и Вашингтон, а кутрите блокираат сообраќајници со двајца без тројца. И најнаивните ги прочитаа. Не вреди бришењето на архивите, луѓето се сеќаваат, а и мислат со своја глава. Понекогаш.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ