• Latest

Сеништата на минатото (3)

June 14, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Сеништата на минатото (3)

Трендовите кои европската крајна десница се обидува да ги наметне во современите општествено политички текови, претставуваат обид да се врати времето на балканските крвопролевања, за кои мислевме дека се неповратно заминати во историјата. Тие сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото.

June 14, 2021 11:17
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

(продолжение; линкови: ДЕЛ 1 | ДЕЛ 2)

НА ШТО СЕ НАДЕВА ГРУЕВСКИ

Загрижувачки е фактот што во фокусот на оживување на сеништата за прекројување на границите на Косово, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, менторите на оваа креација заговараат и бившиот македонски премиер и претседател на ултранационалистичката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да се врати на власт во Северна Македонија.

Тој во Унгарија ужива гостопримство на, по идеологија нему сличен Виктор Орбан, и сесрдно би сакал овој ултранационалист и десничар заедно со „Европска ренесанса“ да помогне да се врати дома и да го сруши од власт актуелниот премиер Зоран Заев – процес кој неговата партија крваво го започна на 27 април 2017 година со терористички упад во Македонското Собрание при што тешко беа повредени десетици пратеници и новинари.

Груевски и Орбан, на самитот на ЕПП во 2015 г. (фото: Википедија)

За потсетување е дека дел од идеолошката матрица на ВМРО-ДПНЕ/ВМРО-НП, меѓу другото, е и поделба на Македонија и размена на територии со Албанците внатре во државата и на Косово. Во периодот од 2001 до 2006 година, во круговите на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, вклучувајќи и луѓе од академски и интелектуални кругови, многу се зборуваше за поделба на Македонија по етнички граници.

Фокус, бр 624, 15 јуни 2007 година

Пренесувајќи го интервјуто на лидерото на ДУИ Али Ахмети за албанската ТВ „Клан“, магазинот Фокус, цитирајќи го Али Ахмети во 2014 година, пишува дека, како командант на ОНА, го одбил предлогот на екс-премиерот Љубчо Георгиевски за размена на територии.

Али Ахмети

„Од тогашниот премиер Љупчо Георгиевски ми беше понуден план за поделба на Македонија. Тетово, Гостивар, Дебар и мојот роден град Кичево ќе одеа во Албанија, додека Липково во Косово. Но, за мене тоа беше неприфатливо, зашто повеќе од 250 илјади Албанци ќе останеа и понатаму надвор од границите на Албанија“ – тврди Ахмети во интервјуто.

На ова интервју реагираше Георгиевски со соопштение дека со Ахмети само разменил неколку зборови по повод 10 годишнината од Рамковниот договор, негирајќи дека на таа тема разговарале, но дека за истата тема тогаш доста се зборувало и пишувало во македонските медиуми.

ПРИЈАТЕЛСТВО ОД МИНАТИОТ ВЕК

Врските на ВМРО со екстремната десница и со профашистички организации во Унгарија датираат уште од триесеттите години на минатиот век кога припадниците на организацијата оделе на обука во терористички логори Јанка Пуста во Унгарија во 1931 година, каде што се подготвувале за атентати и терористички акции, а позната е и врската на ВМРО со фашистите од Хрватска. Груевски е стар пријател на Орбан и во Унгарија ужива безрезервно гостопримство во очекување на засилување на европската десница.

На почетокот на април 2021, унгарски премиер, националистот Виктор Орбан, во Будимпешта организираше состанок со идеолошките истомисленици, полскиот колега Матеуш Моравиецки и италијанскиот популист Матео Салвини. Целта на состанокот беше да се разгледаат можностите за формирање на нов силен политички сојуз откако неговата партија го напушти членството во Европските народни партии на десниот центар (ЕПП).

Моравијецки, Орбан, Салвини, април, 2021

„Ќе создадеме нова платформа, организација, движење и процес кој на граѓаните кои веруваат во традиционалната Европа, ќе им овозможи иднина каква што заслужуваат“, изјави Орбан во пресрет на средбата во Будимпешта.

Неговата партија Фидес излезе од членството на Европски народни партии во Европскиот парламент откако и Орбан и неговата партија беа сè почесто критикувани за непочитување на владеењето на правото. Од тогаш, Орбан бара нови сојузници во полската партија „Право и правда“ и антимиграционата и евроскептична Северна лига на Салвини.

Тие денови, Моравијецки изјави дека е неопходно да се дискутира за создавање на силна групација која ќе ги брани традиционалните, морални вредности врз кои се развивала европската цивилизација. И Орбан и Моравијецки и Салвини се цврсто решени да ја зацврстат и продолжат соработката и да одат во потрага по нови приврзаници и истомисленици кои се спремни да ја следат нивната идеја за „Европската ренесанса“ како нов европски сојуз.

Унгарски десничари, мај 2013 (фото: Википедија)

Според нив, неопходни се итни разговори за иднината на Европа, бидејќи милиони европски граѓани останаа без адекватен и ефикасен претставник во политиката. Салвини смета дека овој состанок е историски бидејќи е на Голем четврток и отвора надеж за обединување  на сите популистички и десничарски партии во Европа.

„Ќе работиме на тоа народите на Европа да излезат од темнината на повоениот период, ставајќи ги во центарот на политиката народот, семејството, работата, правдата и слободата. После драмата со Ковид-19, нека ова биде воскресение на Ренесанса“, изјави Салвини.

Новата средба Орбан ја најави во Варшава.

„Народ, семејство, традиција“ е вокабуларот и на Груевски додека беше на власт кој, очигледно, го препишал од Орбан уште пред таму да се вдоми.

Аналитичарите предупредуваат дека Орбан сака да биде катализатор на европските националисти и дека смета на поддршка од полската партија ПиС која е главен двигател на Европските конзервативци и реформисти и на Салвиниевата Северна Лига која, пак, е најсилен член на групата Идентитет и демократија во европарламентот. Таму се наоѓа и француската партија Национално обединување на Мари ле Пен.

Тие, заедно со Фидес, во Европскиот парламент имаат 135 од вкупно 705 места и нивниот глас и ставови нема да можат лесно да се игнорираат. Токму паради тоа, историчарот Владан Јовановиќ предупредува и опоменува дека се многу опасни сигналите за оживување на старите сеништа и  „монархии“ за кои се залага Орбан како нивен предводник.

СЛАДНИКАВА НОСТАЛГИЈА

Голема и сериозна вознемиреност во сите новонастанати држави од бившите југословенски републики предизвика и Словенија и нон-пејперот од нејзиниот премиер Јанез Јанша, иако тој го оспорува авторството на тој документ.

Останува на аналитичарите и историчарите да утврдат дали Јанша навистина го имал и го составил нон-пејперот и дали неговите мотиви биле само со „туристичко-маркетиншка“ заднина и сладникава носталгија по Австроунгарската монархија. Или можеби „измислил ваков документ“ за да ги разбуди сеништата од минатото и да види какви ќе бидат реакциите.

„Големо и неоспорно мнозинство на граѓаните на Словенија, како и словенечките политичари не поддржуваат вакви идеи. Секој кој сака подобрување на животот на луѓето во овој регион на Западен Балкан, економски и социјален развој и интеграција во ЕУ, не би можел да даде поддршка за промена на граници и поделба на Босна, Косово, Северна Македонија или било која држава на овој простор или промена на границите во регионот. Иднината на целиот регион, вклучително и на Босна и Херцеговина, е во Европска Унија, а не во крајно популистичките идеи од минатото“, изјави словенечкиот пратеник во Европскиот парламент, Клемен Грошељ, со намера да го стиши огнот што се разгори во јавноста во регионот и пошироко.

Клемен Грошељ

Тој нагласи дека Словенија сериозно бара решение за развој  на целиот регион на Западен Балкан и за неговата европска перспектива и нагласува дека вакви идеи и обид тоа да се спречи се големо разочарување.

Оттаму, ваквите тенденции и трендови кои европската крајна десница се обидува да ги наметне во современите општествено политички текови, претставуваат обид да се врати времето на балканските крвопролевања, за кои мислевме дека се неповратно заминати во историјата. Тие сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото. Со тоа не само што го загрозуваат територијалниот интегритет на државите настанати после распадот на СФРЈ туку и регионалниот е европскиот мир и стабилност.

(КРАЈ, линкови: ДЕЛ 1 | ДЕЛ 2)


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ