• Latest

„Преспа форум дијалог”: Охрид и Отешево на 1 и 2 јули ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

June 30, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Преспа форум дијалог”: Охрид и Отешево на 1 и 2 јули ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

June 30, 2021 12:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Течат последните подготовки за најголемата меѓународна конференција која се организира во земјава „Преспа форум дијалог”. На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна”, соопшти владината прес-служба.

Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста, демократијата овде на Балканот, пренесува Слободен Печат.

Како тема за првата Конференција, всушност избравме прашање на обработка, кое во текот на целата година беше фокус на нашата надворешна политика, а тоа е надградбата на нашата пристапување кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, во регионот, туку и во ЕУ се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на ЕУ да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува, за да се заокружи проектот за обединета Европа. Не само создавањето на платформата, туку и темата на Конференцијата покажа една сериозност кај нашите меѓународни партнери дека не сме неми набљудувачи на процесот туку активно придонесуваме кон реализација на проектот, давајќи сопствен придонес, следејќи ги трендовите.

Не е изоставен ниту делот на трансатлантските врски, кој ќе биде тема на дискусија и обработка на Панелот на високо ниво, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан. Впрочем, конференцијата, низ различни предвидени содржини и панели ќе го обработува Западниот Балкан, дали е тоа гледано низ призмата на помирувањето и градењето на доверба меѓу нашите народи, дали е низ призмата на трансатлантските релации, преку економската соработка, конекциите со цивилното општество и медиумите, родовиот сензибилитет за овие важни процеси, па дури имаме и посебен Панел, што ќе биде првиот кој ќе се пренесува на платформата на ЕУ за Конференцијата за иднината на ЕУ, што впрочем е премиера на регионот во оваа дебата и тоа во соработка со Службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Доаѓаат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, Северна Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти, како и осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот парламент. Од Франција како гости и учесници ќе бидат специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан, сенаторот Алан Ришар, како и пратеникот Жак Мер.

Присутен ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената „Охридска група”. На највисоко можно ниво ќе бидат претставени ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

Конференцијата, во живо ќе се пренесува преку јутуб каналите на Преспа Форумот, преку социјалните медиуми, но ќе ја покриваат и над 100 домашни и странски акредитирани новинари. Конференцијата ќе се спроведува согласно сите здравствени протоколи во врска со ковид мерките, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Конференцијата е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ