• Latest

Престанете да се однесувате кон нас како да сме разулавени бикови – а вие тореадори!

May 29, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Престанете да се однесувате кон нас како да сме разулавени бикови – а вие тореадори!

May 29, 2018 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Теологот Хусеин Адеми реагира на лошиот однос на граничната полиција кои непрофесионално се однесуваат со теолозите (оџите). Имено, тој реагира на упатеното писмо до премиерот Зоран Заев, кој го потпишал еден докторант во една хумана наука а истовремено и исламски теолог познат во скопската чаршија, а сигурно и подалеку.

Адеми додава дека во писмото адресирано до премиерот Заев (Life for All), тој пишува за своето мошне стресно и непријатно искуство кое го доживеал на еден од нашите гранични премини, но, се чини дека благодарение на службите за безбедност од оваа наша татковина, таквото искуство го доживеал и тука некаде, во комшиските земји. Добредојде во клубот!

„Македонската полиција која ‘тренира строгочу’ веќе долг период наназад вака непримерно се однесува кон сите исламски теолози (оџи) без никакво објаснување и тоа веќе станува рутина. Имено, како тоа функционира? Кога го даваш пасошот, веднаш таму на мониторот се појавува некаква мерка која се води против тебе и полицаецот ноншалантно само ќе ти каже: „Паркирај десно!“ Тогаш ти одиш десно и чекаш сат, два три, четири… Не се знае како се расположени инспекторите и така ти висиш ко’ идиот доживувајќи стресови и трауми изложен на понижувачки погледи од сите тие што поминуваат покрај тебе небаре си некаков криминалец или отпадник осуден на срам и црвеење на образите!

Твојата брада говори дека личиш на терорист, твојата физичка појава „вреска“ дека ти си дежурната закана по безбедноста и сигурноста на Македонија, а ти онака јаден, во неизвесност очекуваш што ли ќе ти кажат овој пат, доколку имаат доблест да ти се обратат и да ти објаснат како на човечко суштество, а ја немаат сигурно, мислам на доблеста нели!?“, пишува Адеми.

Тој додава дека во 2012 година кога гостувал во емисијата кај Александар Чомовски, јавно говорел за овој проблем и цела Македонија имаше можност тоа да го чуе и види, но, на голема жалост, немаше голем ефект од тој јавно искажан протест.

Моето лично непријатно искуство со полициските алфи, како новинар и активист на ЦИВИЛ, беше инспирација за колумната -Алфите бркаат криминалци и џихадисти? Или „соросоиди“?, каде напишав: „Се обидов да дознам која е причината поради која сум сомнителен, но наместо одговор, добив контра – прашања: дали сум бил кривично гонет досега, дали сум имал проблеми со законот, дали сум бил некогаш заведен во полиција за некаков прекршок…?

Одговорив дека немав/м проблем со законот, ниту со полицијата. А одговорот на еден од „Алфите“ беше: „Аха, значи чист како солза“. Другиот се надоврза: „Велиш, од ЦИВИЛ си, од невладината на Сорос?“… Муратов додава: „Свесен сум дека мојот физички изглед на одредени луѓе не им се допаѓа, но драги полицајци/ки, нели, живееме во демократија и секој има право на слободно движење, верување, сакање, па и стил на облекување, фризура и брада и мустаќи“…

Адеми потенцира дека една од најважните повелби на Обединетите Нации е и таа дека човекот е во потполност слободно битие на кое му е загарантирана слободата на движење освен ако постои основано сомневање за планирање или можно изведување терористички акции. Но, тоа се случува само ако поединецот извршил или се подготвува да изврши такво ужасно нечовечко дело, а истото е 100% докажано со непобитни докази и неспорна аргументација.

„Но, во случајот на теолозите (оџи) од исламска вероисповест, таквата повелба воопшто како и да не постои. Тие се третираат како можна закана, иако за такво нешто не постојат никакви докази. Напротив, 99% од тие верски лица повикуваат во толеранција, мир, соживот со немуслиманите, а голем дел од нив, успешно се залагаат против секаков вид на верски радикализам или екстремизам којшто може да ни донесе само зло, а никако добро.

Членови на владата, гледајте малку прочепнете си во совеста и поведете сметка за нас муслиманските теолози, но и воопшто за вашите сограѓани од исламска вероисповест, престанете да се однесувате кон нас како да сме разулавени бикови, а вие тореадори.

Срамота е пред Бога, а потоа и пред народот, кон нас да се однесувате како разулавена толпа внатре во коридата жедни за нашата крв и чест, а ние секојдневно се залагаме барем нашите деца, ако не оваа моја генерација, да проживеат во убав културен дух на соработка и позитивна комуникација со нивните комшии, другари, колеги и соработници немуслимани.

Наместо да повикувате, преку министерството за култура, на јавни дебати за добробит на нашето општество и како заеднички да ја градиме иднината на оваа земја, вие во владата, се однесувате како воопшто да не постоиме, а сме дел од големата заедница на националното и верско шаренило во оваа наша Македонија. Колку само глупаво и ноншалантно се однесувате кон вашите муслимански сограѓани кои се красат со високо ниво на интелектуална наобразба и кои со својата дејност допринесуваат за мирот и хармонијата во ова напатено балканско парче земја.

Господа тореадори! Коридата е симбол на ѕверство и атак, а ние не сме бикови! Срам да ви е!“, додава Адеми.

Дехран Муратов

Tags: безбедноствластимам Хусеин Адеминепрофесионализамполицијареволт
Share117TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ