• Latest

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

December 23, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

December 23, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција. На потпишувањето присуствуваа млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција ДиЏовани.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, по повод потпишувањето на Декларацијата се одржала и тематска дебата на која се дискутирало за обврските што произлегуваат од годинашниот Самит за климатски промени COP26 во Глазгов, тековните активности што се преземаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и следните чекори на национално ниво.

 

Фото:Претсдателот Пендаровски, млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција ДиЏовани, на потпишување на Декларацијата за деца, млади и климатски промени

Младите активисти, како што се наведува, дискутирале за можностите за нивно пошироко вклучување во процесите на одлучување и креирање на политиките за климатски промени и изразиле интерес за мерките што се преземаат со цел заштита на шумите, редукција и превенција на отпадот и подобрување на квалитетот на воздухот.

Претседателот Пендаровски го поздравил ентузијазмот на младите и истакнал дека оваа Декларација нè потсетува дека еден од главните мотиви за справување со климатските промени се токму децата и младите, односно нивното право на безбедна клима и здрава животна средина.

– Мора да создадеме простор младите како најинформираната и најдигитализирана генерација да бидат вклучени во справување со еколошките проблеми и да го кажат своето мислење за климатските политики, порачал претседателот Пендаровски, додавајќи дека особено важно е подигнувањето на јавната свест и обучувањето на младите, за што е неопходно интегрирање на климатските и еколошки аспекти во Националната стратегија за образование, односно во наставните програми.

Министерот Нуредини ги споделил националните климатски амбиции и ги охрабрил младите активно да учествуваат во донесувањето на првиот закон за климатска акција со кој правно ќе се трасира патот кон јаглеродната неутралност на земјава.  

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани, поздравувајќи го потпишувањето на Декларацијата, истакнала дека овој документ ги прикажува заложбите на земјите да ги земат предвид потребите, правата и перспективите на децата во политиките за климатски промени на сите нивоа.

 –Потпишувањето на Декларацијата е важен момент што следи по Младинскиот самит за климатски промени, каде што ги слушнавме младите луѓе, нивните грижи и повици за акција за заштита на животната средина. Истовремено, го покажува огромниот капацитет на децата и младите да бидат моќни агенти за промена,  рече ДиЏовани, додавајќи дека климатската криза е криза на детските права.

Фото:Претсдателот Пендаровски и млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје на потпишување на Декларацијата за деца, млади и климатски промени

Северна Македонија се приклучи на триесетина европски земји-потписнички на Декларацијата за деца, млади и климатска акција, која е усвоена на Самитот за климатски промени во Мадрид во 2019 година. Една од целите на Декларацијата е да се зголеми учеството на децата и младите во процесите за ублажување и адаптација на климатските промени, преку поголема едукација за климатските промени и животната средина, како и стекнување на знаења и вештини потребни за да се заштитат себеси и да придонесат за безбедна и одржлива иднина.

За време на посетата на Кабинетот, во рамки на програмата „Отворен кабинет“, младите активисти беа запознаени со историјатот на објектот, со дел од активностите што се реализираат, како и со начинот на функционирање на оваа институција. Имаа можност да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ