• Latest

Претседателот со јасна поддршка за уставните измени, но со резерва за договор меѓу партиите, објавени дел од имињата од работната група

April 12, 2023

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот со јасна поддршка за уставните измени, но со резерва за договор меѓу партиите, објавени дел од имињата од работната група

April 12, 2023 09:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера нагласи дека ги поддржува уставните измени, но напомена дека не е оптимист за договор меѓу политичките партии околу промените на Уставот. Министерството за правда вчера ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Свои претставници предложиле десет партии од власта и три институции, додека без свои претставници во групата ќе бидат опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса, ДС, СПМ и ГРОМ. Од Министерството за правда велат дека имињата на експертите, кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе бидат соопштени до крајот на неделава, објави МИА.

Пендаровски синоќа во гостување на ТВ Сител рече дека внимателни ги слуша сите политичари во земјава што зборуваат јавно на темата уставни измени.

-Ако кажам дека сум песимист, а сум, бидејќи тоа една година го зборувам во континуитет, пак некој ќе ми замери од Владата и ќе рече дека треба да правам атмосфера во која ќе напредуваме. Многу внимателно ги слушам сите политичари во Македонија што зборуваат јавно на таа тема. Кој е тој што ќе рече дека тука има некаков простор во кој можеме да се договориме. Јас не го гледам тој простор. Јас сум за уставни промени, не утре, туку денес, но како со сила да ги натераме тие луѓе да гласаат? рече Пендаровски.

Тој  оцени дека опозициските партии, пред сѐ ВМРО-ДПМНЕ, „тераат партиска политика, а не државна политика“ и оти, како што рече, сакаат прво да дојдат на власт, а потоа да размислуваат за две третини.

Прашан зошто не свика лидерска средба под негово покровителство, шефот на државата одговори дека нема согласност од сите страни учеснички.

-Опозицијата вели немаме намера да учествуваме за тоа Бугарите да ги ставиме во Уставот. А другата страна, Владата, вели немаме намера да одиме на лидерска средба ако зборуваме за комплетно прифаќање на хрватскиот модел, кој ние го надминавме и на уставно-правно ниво со 2001 и Охридскиот рамковен договор, рече Пендаровски.

Додаде дека не гледа проблем ако кон постојните шест делови од народи, покрај македонскиот народ, во Уставот се стават и делови од бугарскиот, црногорскиот, хрватскиот итн.

Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече вчера на полноќ.

Од партиите за членови во групата предложени се Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците.

Од институции се предложени Александар Спасов од Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи.

Од Министерството за правда велат дека експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе бидат соопштени до крајот на неделава.

Ова работно тело е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, информираат од Министерството за правда.

Процесот на уставни измени е обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, согласно што и работната група треба да изработи предлог. Ова е нешто што постојано го потенцира власта, додека според опозицијата формирањето на работната група е беспредметно, бидејќи, како што велат уставни измени, без избори и во овој парламентарен состав не се можни.

Премиерот Димитар Ковачевски завчера рече дека уставните измени се нешто што е обврска на нашата држава во делот на пристапување во ЕУ и за него било очекувано кои партии ќе учествуваат, а кои нема да учествуваат во работната група формирана во Министерството за правда.

-Во државата имаме два концепти – едниот концепт се политички партии кои ја поддржуваат Северна Македонија членка на НАТО и на ЕУ и имаме втора група на политички партии предводени од Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, јас ова го кажав уште во септември минатата година, што се против членството на земјава во НАТО и во ЕУ. И тоа во историјата се потврдило, рече Ковачевски завчера на промоцијата на дигиталниот асистент за јавниот сектор.

Откако ќе бидат направени амандманите во Комисијата при Министерството за правда, тие, како што најави Ковачевски, ќе бидат дадени на јавна расправа пред академската заедница, невладиниот сектор, бизнис заедницата, медиумите и ќе овозможи со нив да се запознаат граѓаните.

-Потоа ќе започне парламентарната процедура во Собранието, каде што постои Уставна комисија и оди низ процедурите што важат за уставни измени, рече Ковачевски во понеделникот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да делегира претставник во работните групи за уставните измени. Ова вчера на прес-конференција во Собранието го изјави пратеничката на оваа партија Ели Панова, која истакна дека нема да учествуваат во ваквата, како што нагласи, процедура за отворање на Уставот во овој пратенички состав без претходни избори.

-Нашиот став веќе е одамна кажан. Имавме предлог којшто власта го одби, а се однесуваше за измена на Уставот по теркот на хрватскиот модел. Ние нема да учествуваме во работните групи. Во понатамошната процедура за да се отвори Уставот требаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во ваквата процедура за отворање на Уставот во овој пратенички состав без претходни избори, рече Панова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера во Зрновци на прашање од новинарите за негов коментар за уставните измени, повтори дека за него тоа е завршена работа и нема што да коментира.

На уставните измени од еден поинаков аспект – како тема која се користи за ширење дезинформации, вчера се осврна специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, кој беше во посета на земјава.

Рубин нагласи дека пред земјава сега претстои одлука за уставните измени, откако во минатото беше принудена да донесе многу тешки одлуки, дури и да го промени името за да стане членка на НАТО, посочувајќи дека се надева оти Владата ќе го има потребното политичко лидерство за да ги преземе неопходните чекори за да ја однесе земјата во ЕУ.

Според него, легитимно е некој да изнесува свое мислење и да не се согласува со таквите одлуки, но доколку се шират дезинформации и пропаганда, тогаш ќе биде многу тешко да се води нормална политички дебата за прашања како што е промената на Уставот.

-Сигурен сум дека има некои во регионот и во Кремљ, што не сакаат да видат напредок по ова прашање и сакаат да ја оневозможат Северна Македонија да напредува кон европските институции и мислат како да направат проблеми, изјави Рубин, изразувајќи надеж дека Владата во соработка со САД ќе може да создаде сеопфатен пристап, инфраструктура и закони за справување со ширачите на дезинформации.

Рубин најави оти наскоро ќе ја посети Бугарија, во која иако е земја членка на НАТО и сојузник на САД, има, како што рече, „многу загадувачи“ кои шират разни приказни, манипулации, па некогаш дури и лаги.

Процесот на скрининг на законодавството со ЕУ треба да заврши до крајот на ноември годинава, а се очекува и постапката за уставни измени да се заокружи до крајот на годинава, со цел земјава и формално да го отвори првиот Кластер во преговорите со Унијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ