Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој синоќа доби нов претседател, републиканецот Мајк Џонсон, веднаш потоа усвои резолуција за поддршка на Израел.
Како што пренесува МИА, пред гласањето, се очекуваше дека резолуцијата ќе има голема поддршка и од мнозинството републиканци и од малцинските демократи, што се докажа затоа што текстот со кој се потврдува американската поддршка за еврејската држава во нејзината „одбрана од варварска војна што ја почнаа Хамас и други терористи“ беше поддржан од 412 пратеници, а само 10 беа против.
Џонсон претходно вети дека резолуцијата за поддршка на Израел во неговата борба против палестинското милитантно движење Хамас ќе биде првиот текст за кој ќе се одлучува.
– Најголемиот сојузник на нашата земја на Блискиот Исток е нападнат, рече Џонсон пред гласањето, опишувајќи го и Израел како „драг пријател“.