• Latest

Социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа со стратегијата за иднината на Ромите во зелената економија

October 1, 2021

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа со стратегијата за иднината на Ромите во зелената економија

October 1, 2021 12:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

РЕДИ Рециклажа е социјално претпријатие чија цел е да ги организира и формализира индивидуалните собирачи на секундарни суровини, преку воспоставување на систем за примарна селекција на отпад во стенбените објекти и компании. Исто така, ова социјално претпријатие придонесува и за почиста животна средина, преку рационално користење на секундарни суровини, истакна денеска директорот на ова претпријатие, Асиб Зекир.

Тој во своето обраќање на отворениот ден на РЕДИ Рециклажа, посочи дека според податоците на здружението „Go green“, 80 проценти од непријавениот отпад е селектиран од страна на неформалните собирачи, кои значајно се изложени на здравствен ризик.

Исто така, при селекција и собирање на отпадот тие немаат здравствено и пензиско осигурување, а постои и експлоатиран труд каде што се инволвирани нивните деца за поголема количина за собирање, рече Зекир.

Токму поради тоа, посочува директорот, развиле едно вакво социјално претпријатие како нов механизам за решавање на долгорочните проблеми од заедницата.

Тој информираше дека РЕДИ рециклажа е стартап компанија регистрирана како ДООЕЛ со бизнис модел на социјално претпријатие основано од здружението Иницијатива за економски развој на Ромите, РЕДИ Скопје.

Со финансиска поддршка од СИДА, РЕДИ Рециклажа набави и електрични велосипеди и опрема за собирање на секундарен отпад.

-Најавен е и проект кој што е поддржан од Федералното министерство за социјална работа, здравство и заштита од Австрија, кој што е во партнерство со Европската кацеларија за животна средина во Брисел, каде што предвидуваме активности кои ќе развијат методологија за развивање на капацитетите на собирачите за секуларни суровини. Нашите обуки ќе бидат соопфатни согласно потребите на неформалните собирачи за нивен личен развој, како и глаболен развој на собирањето на отпад во државата, рече Зекир.

Тој напомена дека овие лица во претстојниот период ќе бидат контактирани, и ќе бидат мапирани нивните потреби, но и да развијат методологија за да можат нивните потреби да бидат надокнадени со компетенти обуки. Овој проект, како што посочи Зекир, ќе им даде јасна слика што и како треба да направат во иднина во државата.

Визијата на РЕДИ Рециклажа, како што додава, е креирање на социјално претпријатие раководено од собирачи на секундарни суровини и користење на циркуларна економија за рециклирање на секундарните суровини.

Додаде дека за успешно постигнување на нивната визија процесот е во три фази.

Првата фаза, е собирање и транспорт на неопасен отпад каде што мапираат станбени објекти односно згради и компании кои имаат желба да селектираат отпад.

-Притоа поставуваме наши канти за селекција на отпад во станбени објекти и истите ги испразнуваме и сервисираме преку организиран начин на собирање, кој што ке биде спроведен од страна на нашите собирачи. При транспорт на отпадот користиме електрични бицикли кои го транспортираат отпадот во лиценцирано складиште за собирање на секундарни суровини, додаде Зекир.

Тој посочи дека РЕДИ Рециклажа има добиено лиценца за собирање и транспорт на неопасен отпад издадена од Министерство за животна средина и за активности на права фаза предвидени се десет вааботувања кои што ќе се состават со тимот од собирачи.

Втората фаза е предвидена да започне во текот на 2022 година, и истата е предвидена да вработи дополнително 20 лица. Последната фаза е предвидена за рециклирање на секундарни суровини, нивна повторна употреба и можностите за поправање на истите.

-Оваа фаза вклучува собирање на секаков вид на секундарни суровини, третман и складирање и истата е предвидена за во 2024 година, додаде директорот.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање денеска посочи дека социјалното претприемништво може да и помогне на нашата земја со перспективи за вработување, социјална вклученост и помош во процесот на интеграција и социјална кохезија.

Тој истакна дека битна алка во управувањето со отпад играат собирачите на секундарните суровини, и зошто е важно да секторот кој досега беше неформализиран, ја најде својата вистинска улога во регионалниот систем за управување

-Во моментов бројките покажуваат дека 80 до 90 отсто од отпадот кој може да се рециклира во Северна Македонија, се собира од неформалните собирачи. Ова во овој момент значи дека се работи за најефективните собирачи. Се проценува дека се вклучени околу 5000 луѓе на национално ниво. Тоа делумно се должи на некомплетното исполнување на обврските на општините, во недоволната Инфраструктура, како и во непрецизната законска регулатива, досега, рече Нуредини.

Тој информираше дека Министерството ќе донесе нови шест закони за управување со отпадот кои го промовираат начелото на циркуларна економија.

-Тоа значи повеќе обврски за селекција на отпадот, повеќе обврски за производителите на отпадот и конкретна регулација на секундарната суровина. На важно, овие закони поставуваат цели за собирање, рециклирање и преработка на отпадните производи со дефинирани обврски и одговорности на сите учесници во системот. Оттука несомнено идејата на РЕДИ за формирање на едно вакво социјално претпријатие е добредојдена. Ова ќе даде можност неформалните собирачи да се организираат, да влезат во формалниот систем за отпад. да добијат пристојна работа да се обезбедат потребните документи, и да се следат количините на отпад, рече Нуредини.

Дополнително, напомена министерот, иако неформалните собирачи имаат голем придонес рециклирањето на отпадот, од друга страна постои голем ризик за нив, бидејќи покрај од надземните контејнери за мешовит отпад, го собираат отпадот и од подземните контејнери и од депониите, со што се сочуваат со огромен ризик по нивното здравје.

 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, информираше дека на последната владина седница беше усвоена Националната стратегија за социјално претприемништво во периодот 2021-2027 година како и акциски план за првите две години за спроведување на Националната стратегија за социјално претприемништво.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на презентацијата на стратегијата на социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа

-Во стратегијата се дефинирани пет приоритети, чии имплементации ќе создадат услови за формирање, развој, меѓутоа и одржливост на социјалните претпријатија. Првиот приоритет е во насока на воспоставување на поволна правна рамка на која работиме и која ќе биде финансирана во првата половина на 2022 со носење на закон за социјално претприемништво, рече министерката денеска во своето орбаќање.

До крајот на наредниот месец, како што рече, ќе го отворат првиот Центар за поддршка на социјалните претпријатија којшто е лоциран во строгиот центар зад споменикот на Мајка Тереза.

-Негова задача ќе биде да ги гради капацитетите на социјалните претпријатија во државата, да воспоставува соработка со бизнис секторот, со локалната самоуправа, меѓутоа и со националните институции. Центарот исто така ќе ги следи и светските трендови во областа на социјалното претприемништво, додаде министерката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ