ЦИВИЛ организира семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ во хотел „Романтик“, Велешко езеро, на 14 и 15 август. Иако бројот (25) на апликации е пополнет, ЦИВИЛ обезбеди уште шест места за заинтересираните. Затоа, се продолжува рокот за пријавување до 20 часот денеска (12 август), за да им се обезбеди време од дополнителни три часа на заинтересираните да аплицираат. Тоа може да се направи со пополнување на онлајн пријави за учество.
ЦИВИЛ напоменува дека учеството на семинарот е возможно само во термините: среда, 14 август, од 15 до 17:30 часот, со Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК и Џабир Дерала, ЦИВИЛ и во четврток, 15 август, од 10:30 до 14 часот со Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Бранимир Јовановиќ, експерт за финансии и граѓански активист и тимот на ЦИВИЛ кој ќе одржи презентација: „Граѓански објектив – повеќе од проект“. Останатите сесии се затворени за јавноста.
Воедно, организаторите ги информираат медиумите дека не е дозволено аудио/видео снимање, освен во терминот што е предвиден во агендата на семинарот, односно во терминот 13:30-14 часот, на 15 август.
Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, чија имплементација започна во октомври 2015 година, со финансиска поддршка од National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Дополнителни информации побарајте на: [email protected] или 02/5209 176 (секој работен ден, 9-17 ч.)
фотографија во прилог на текстот: од Архивата на ЦИВИЛ, семинар за граѓанско новинарство и активизам, Велес, февруари 2019 година.
Голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност во Велес