• Latest

Голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност во Велес

August 11, 2019

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност во Велес

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

August 11, 2019 12:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агендата на Семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ веќе предизвикува големо внимание. Се работи за комплексна агенда која предвидува динамични работилници за членовите на проектните тимови на ЦИВИЛ и соработничката екипа од различни градови низ земјата, како и сесии отворени за јавноста. Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници за отворените сесии е ограничен, па затоа, потребно е да се пополни онлајн пријава за учество.

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

Излагањата на специјалните гости на семинарот ќе бидат добра основа за понатамошни активности на граѓанските организации и градење меѓусекторски партнерства за постигнување на повисока транспарентност и одговорност во политичките процеси на локално и национално ниво.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ секако е борбата против корупцијата, а учеството на Претседателката на ДКСК, Ивановска, ќе биде искористено како своевиден водич за понатамошни акции на организацијата, но и на потенцијалните партнерски организации и граѓански иницијативи во оваа област. Драгоцен ќе биде и придонесот на Бранимир Јовановиќ кој ќе говори за главната тема и односот меѓу ветеното и исполнетото во изминатиот период.

Јовановиќ, во јавноста попознат како активист за човекови права и социјална правда, инаку реномиран експерт за финансии и доскорешен висок владин службеник и Претседателката на ДКСК, Ивановска, која своето претходно професионално искуство и експертиза ги градеше во Државниот завод за ревизија, ќе фрлат светлина на најчувствителните сектори на функционирањето на системот. На овие теми и прашања логично се надоврзуваат искуствата од локалната самоуправа, за што ЦИВИЛ го покани да говори градоначалникот на Велес, Коцевски.

Меѓу говорниците на сесиите отворени за јавноста ќе биде и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ кој, заедно со членовите на проектните тимови на организацијата ќе одржи презентации со примери за злоупотреби на јавни ресурси и коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери, како и презентација на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. На затворените сесии на организацијата ќе се одржат работилници за стратешко планирање и едукација за различни области на работењето на организацијата во овие чувствителни области.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Формулар за пријава

Агенда на семинарот

Дополнителни информации побарајте на: civil@civil.org.mk или 02/5209 176 (секој работен ден, 9-17 ч.)

Фотографија во прилог на текстот: од Архивата на ЦИВИЛ (инфо штанд на проектот, Скопје, ноември 2017 година)

Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ