Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.
Како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата се работи за судијката лидија Неделкова. Таа е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката. Неделкова за таа одлука има право на жалба до Судскиот совет.
Постапката против Неделкова се водеше по претставка од веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.
Неделкова беше една од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд, но Судскиот совет се одлучи за Беса Адеми.
Б. Ј.