• Latest
Photo by: Aaron Burden on Unslplash

Примопредавање на премиерската функција, германската министерка за Европа во Скопје, рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови, магла на емоции

January 17, 2022

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Украина подготвува нов мировен план – Зеленски повторно ја исклучува можноста за територијални отстапки

December 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Примопредавање на премиерската функција, германската министерка за Европа во Скопје, рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови, магла на емоции

January 17, 2022 09:05
in ВЕСТИ, ТОП 5
Photo by: Aaron Burden on Unslplash

Photo by: Aaron Burden on Unslplash

Share on FacebookShare on Twitter

УТРИНСКИ КОЛУМНИ 

Всушност, таа порака токму соодветствува на неочекуваната стаписаност на опозицијата од реалната опасност Данела Арсовска да му ја „украде“ сценската слава на Ковачевски со покажаните зачудувачки знаци не само на менаџерско неснаоѓање, туку и на блага политичка незаинтересираност за вршење на првата градска функција, дефокусирајќи ги опозициските пропагандни напори за брзи вонредни парламентарни избори заради претпоставената неуспешност на власта на „пиунот на Заев“…

Како што почна со својот мандат, „кралицата на Мицкоски“ до сега не покажува дека разбира оти, ако ништо друго, во политиката треба барем да оставаш впечаток дека си загрижен за решавање на проблемите, бидејќи во спротивно проблемите почнуваат да те решаваат тебе. Ако се прогласиш за ненадлежна за ништо важно – загадување, транспорт, греење, емпатија… – тогаш и потценетиот „пиун“ брзо ќе стане „кралица“, таа, пак, ќе ги урниса амбициите на својот „крал“, а сомот ќе продолжи слободно да плива откачен од јадицата на моќта.

Ехееее, има за тоа метафори и алегории колку сакате! Шаховските партии во нашава политика полесно се губат одошто се добиваат, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови“.

„Со Бугарите ти е како на почетокот на секој брак. Маглата на емоциите ни ја замаглува сликата на состојбите и она што може да се очекува. Мажот ја гледа жената и очекува таа да му остане иста и да не се менува. Но таа по неколку месеци почнува да се менува и се менува долго по медениот месец. Жената уште од почетокот длабоко се надева дека ќе го смени мажот и ќе го прилагоди на своите сонови од моминските денови. Тој само на почетокот покажува намера да се менува, но за неколку години тој се враќа кон неговиот свет и не се менува многу. Во тој судир останува да се толерираат сопружниците и да балансираат меѓу својот свет и реалноста на бракот“, пишува Војо Маневски во колумната „Дочекување“

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 11 часот е во тек!

„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 7.30 до 11 часот, низ динамична програма со актуелни информации, анализи и разговори со гости, се поставува општествено-политичката агенда на денот.

Брза пошта, ВАША рубрика во Слободна зона: Останете гласни!

Неодамна,  Цивилмедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

НАСТАНИ

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ: Денес, со почеток во 09:00 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе се случи примопредавање на функцијата и кабинет помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски.

ПОСЕТА: Во посета на Република Северна Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.
Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи.
Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

КАМПАЊА: Преку соодветни текстови, видео и аудио записи и годинава, од 1 февруари, продолжува Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, соопшти здружението „Ретко е да си редок“. Оваа година, со четвртата сезона од кампањата, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Целта на проектот е граѓаните да се запознаат со ретките болести.

КОНФЕРЕНЦИЈА: „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид.

 

Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА. 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ