• Latest

Приватните специјализанти со отворено писмо до Заев

August 15, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Приватните специјализанти со отворено писмо до Заев

August 15, 2018 12:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генерацијата приватни специјализанти упатија отворено писмо до премиерот Зоран Заев, за ветување кое, како што велат уште не е остварено, односно плата за сите што се пријавиле на конкурсот во јануари 2018 година. Последната информација што ја добиваат приватните специјализанити е дека не постои буџет за исплаќање на платите.Во продолжение во целост обраѓањето на специјализантите:

„Ви се обраќаме ние приватните специјализанти преку отворено писмо до јавноста, бидејќи вистината треба да има што повеќе сведоци.

На панел дискусијата организирана од повеќе асоцијации на специјализанти, како и од министерството за здравство и Владата на Република Македонија на ден 11 јуни 2018 година, Вие, го ветивте следното: “Oд овој месец плата ќе добиваат и оние од вас кои се пријавиле на конкурсот во јануари годинава”.

Истото беше ветено и на ден 11 мај 2018 година од страна на министерот за здравство, по одржната прес конференција, кога нашата генерација на приватни специјализанти со голема доверба пристапи кон ветеното. Тогаш министерот изјави:“Вие сте најкреативниот дел од нашето општество, Вие мора да останете во оваа земја, Вие сте иднината и на нашето здравство и на медицината. Од месец јуни ќе се исплати мајската плата како што земаат и другите специјализанти, а дополнително работиме и на решавање на другите Ваши барања”

Од првата организирана прес конференција на 11 мај 2018 година поминаа речиси три месеци, а од дебатата на која присуствуваа повеќе десетици млади доктори и пред сé, приватни специјализанти, речиси два месеци, но трага од платите нема! Во меѓувреме се остварија повеќе работни средби со работната група на министерството, по што целата документација и процедура за подготовка на списоците на приватните специјализанти беа конечно комплетирани. Сé беше подготвено за да се испрати до фондот за здравствено осигурување од каде беше потребно да се одобрат средствата и истите да се распределат на соодветните клиники и институти. Подоцна на наше инсистирање добивме информација дека буџетот за исплата на нашите веќе ветени плати всушност не постои! Односно истиот допрва треба да биде разгледуван на седница на Влада. Исто така да напоменеме дека постарите генерации на приватни специјализанти веќе добиваат плата за истиот труд и со истите потпишани договори. Сето ова ни говори дека процесот е сé уште на самиот почеток, а се добива впечаток дека една цела генерација на млади доктори е подлегната на дискриминација и тотално изиграна.

Денес кога се почесто среќаваме наслови од типот: дури 86% од дипломираните студенти-лекари сакаат да заминат од Македонија, како и речиси секој студент на медицински науки паралелно со студиите изучува и германски јазик, кои секојдневно се пласираат во јавноста се прашуваме зошто Владата на Република Македонија, а пред се Вие како премиер оставате 92 млади доктори на медицина без никаков паричен надоместок во највулнерабилниот период од нивните животи! Со максимална девалвација на трудот кои го вложуваат секојдневно на клиниките и институтите каде што ја извршуваат својата дејност!

Кој е вашиот план г-дин премиере?! Како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина?

Во името на добрата и квалитетна иднина на македонското здравство Ве замолуваме најодговорно да се држите до она што го ветивте пред целата јавност, а тоа е да ги исплатите заостанатите плати од месец мај 2018 година за приватните специјализанти од јанурскиот конкурс годинава и тоа најдоцна до крајот на месец август 2018! Напоменуваме дека пред нас претстои тежок финансиски период. Имено, за веќе две недели нé очекуваат трошоци поврзани со уписот на новиот семестар во висина од 67,500 до 80,000 денари поединечно.

Не сакаме да веруваме дека ентузијазмот со кој пристапивме и довербата која ја посветивме кон вашето ветување всушност биле залудни. Затоа уште еднаш Ве замолуваме, да ја искористите Вашата позиција и да овозможите правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација. Сѐ што бараме е уште една можност за да се исправат грешките и да ставите крај на деградацијата на докторската фела. Молиме за итно решавање и актуелизирање на овој проблем!

Денес, кога миграцијата станува сé полесна, важно е да напоменеме – младите не бегаат од државава, младите се принудени да си одат! Не предизвикувајте нé на смели чекори кон светот во кој ќе бидеме вистински ценети и почитувани и каде нема да се лицитира со вложениот труд и нашето трпение.

Плата мора да има за сите приватни специјализанти. Друга опција не прифаќаме!“

Се работи за вкупно 71 приватни специјализанти што се на списокот за исплата.

ЦМ

Tags: Зоран Заевотворено писмоприватни специјализанти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ