• Latest

Привремените вработувања се траен влез во јавната администрација

October 29, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Привремените вработувања се траен влез во јавната администрација

Можноста за ангажирање лица преку агенции за привремени вработувања и за вработување на определено време масовно се користи за вработување во јавниот сектор.

October 29, 2019 11:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Можноста за ангажирање лица преку агенции за привремени вработувања и за вработување на определено време масовно се користи за вработување во јавниот сектор. Ова го потврдува и анализата на „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (ДКСК) во проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

– Трансформацијата на работниот однос од определено во неопределено време се користи масовно, како и привремените вработувања, кои потоа стануваат постојани – нагласи Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија“.

На почетокот на проектот, „Транспаренси“ и ДКСК направиле прелиминарна анализа на 19 закони и два подзаконски акта кои се однесуваат на вработувањата во јавниот сектор, и утврдиле 46 точки на ранливост од корупција. Привремените и вработувањата на определено време се значаен дел од точките на ранливост.

Вакви можности се утврдени во Законот за вработените во јавниот сектор, за каде се препорачува да се укине можноста лицата кои се привремено вработени да поминат во редовен работен однос без редовна постапка за вработување. Во Законот за работните односи, можноста за трансформирање на работен однос од определено на неопределено време остава можност да се заобиколи постапката за вработување предвидена во Законот за административни службеници. Можност за трансформација на работниот однос има и во Законот за основното образование, а слични можности остава и Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.

„Можеме да констатираме дека во повеќето од анализираните прописи се предвидува можност за трансформација на работн однос од определено на неопределено време. Како што напоменавме и погоре во анализата сметаме дека на овој начин се влијае на редовната постапка за вработување.“ се заклучува во прелиминарната анализа.

Привремените вработувања, односно лицата ангажирани преку агенции за привремени вработувања, не влегуваат во вкупниот број вработени во јавниот сектор. Министерството за информатичко општество и администрација минатата година, во Годишниот извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор, првпат го објави нивниот број, кој веќе во следниот извештај станал 50 отсто поголем, односно за една година од 1,624 пораснал на 2.439 привремено ангажирани лица. Вкупниот број вработени во јавниот сектор, според дефиницијата по која се води регистарот, од 2017 до 2018 година пораснал од 128.722 на 132.068 лица. / МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ