Атлантскиот совет на 24 март информира дека про-Кремљ каналот на Телеграм, Оперативные сводки („Оперативни вести“) објави фотографии од медали и сертификати за кои се тврди дека ќе се користат за награда на украинските војници „за заземањето на Крим“.
Во објавата се вели дека медалите и документите биле пронајдени во украинските воени канцеларии. Друг канал на Телеграм, Кремљ З, тврди дека овие предмети биле откриени во градот Керсон, моментално окупиран од Русија. Руските медиуми ја засилија оваа порака, тврдејќи дека медалите се доказ дека Украина со помош на НАТО планира да го нападне Крим.

Се чини дека ова е најновото во низата руски оркестрирани лажни пораки (“false flag”) , поради неправилната употреба на официјалната украинска терминологија од наводните докази. Украина смета дека Крим е привремено окупиран или припоен од Русија, па доколку такви материјали би постоеле, тие најверојатно би се однесувале на „ослободување“ на Крим, наместо на негово „заземање“. Понатаму, официјалните украински документи го нарекуваат Крим како „Автономна Република Крим“ или „АР Крим“, додека во материјалите што наводно ги пронашла Русија, не се нарекуваат така . Сертификатите, исто така, споменуваат дека медалот ќе биде доделен по „наредба“ на украинскиот претседател, иако украинскиот воен персонал добива награди само преку претседателски „указ“. Имено, самата Русија го користи зборот „наредба“ за да ги опише министерските награди и декрети за претседателски награди, како што е документирано во истрагата на Bellingcat.
И на крај, иницијалите на украинскиот претседател Володимир Зеленски се неточни во материјалите. Сертификатите наведуваат дека неговите први два иницијали се „ВА“, што е точно на руска кирилица, што го пишува неговото целосно име како Влади́мир Алекса́ндрович Зеле́нский или Владимир Александрович Зеленски. Сепак, ова не соодветствува со првите два иницијали на Зеленски на украинска кирилица. На украински, неговото име се пишува Володимир Олександрович Зеленський, или Володимир Олександрович Зеленски, така што точната кратенка на украинската кирилица за неговите први два иницијали е „ВО“.
Д. Т.