„Гласам за чист воздух, чиста почва, чиста вода!“, „За европска Македонија“… се дел од пораките на жителите на Пробиштип кои ги напишаа на инфо-штандот на ЦИВИЛ во однос на референдумот.
Инаку Пробиштип е познат рударски град бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори. Градот има 10.816 жители, а општината 16.193 жители.
Тимот на ЦИВИЛ –Центар за слобода денеска е во посета на општините Кочани, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка каде преку инфо-штандови ќе комуницираат со граѓанките и граѓаните за претстојниот референдум и правото на глас, каде што ќе ги слушнат нивните пораки, ставови, размислувања…
Посетите се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.