Охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор по барање на Обвинителството, поради страв дека тие ќе избегаат. Браќата се гонат за физичкиот напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски.
Тие веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата шест дена не можеше да ги најде.
Браќата понудија и 30.000 евра гаранција за да излезат од затвор, кои беа прифатени од охридскиот суд, меѓутоа Апелационен суд во Битола вчера ја отфрли.