Расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи продолжува денеска во грчкиот Парламент, за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Процесот за ратификација на Договорот од Преспа започна вчера, а расправата на надлежната комисија траеше речиси пет и пол часа.
Пратениците ги повторија позициите на нивните партии, оние кои што се „за“ Договорот од Преспа, говореа за позитивните аспекти на Договорот, додека пак оние што се „против“ со свои аргументи го поддржаа овој нивни став, објаснувајќи зошто нема да гласаат за ратификација на договорот меѓу двете земји.
На вчерашниот брифинг со новинарите, претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, изјави дека Комисијата по завршувањето ќе изготви извештај, а за нацрт законот ќе расправа Парламентот во среда и четврток, по што следи и гласањето.
А. П.