Продолжува етничкото чистење на Рохинџите во Мјанмар, повеќе од шест месеци откако над 700 илјади луѓе од тоа муслиманско малцинство побегнаа во соседен Бангладеш заради репресии на армијата како одговор на бунтовнички напади. Тоа го изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци по четиридневна посета на бегалски кампови во Бангладеш.
– Масовното и системско насилство врз Рохинџите изгледа продолжува, изјави помошникот генерален секретар на ОН за права ба човекот Ендрју Гилмор.
– Владата на Мјанмар постојано повторува пред светот дека се подготвени за враќање на Рохинџите, но во исто време силите за безбедност продолжуваат да ги принудуваат да бегаат кон Бангладеш, додаде Гилмор.
Тој истакна дека против Рохинџите се води кампања на „терор и принудна глад“, со цел да се натераат останатите Рохинџи во Мјнамар да ги напуштат домовите и да побараат спас во Бангладеш.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.