• Latest
Професор Џејмс Н. Грин

Проф. Грин: Лула веројатно ќе ја продолжи традицијата на Бразил на независна надворешна политика, добри односи со САД и ЕУ, но и БРИКС

November 16, 2022

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Проф. Грин: Лула веројатно ќе ја продолжи традицијата на Бразил на независна надворешна политика, добри односи со САД и ЕУ, но и БРИКС

November 16, 2022 08:49
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Професор Џејмс Н. Грин

Професор Џејмс Н. Грин

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва триумфираше над актуелниот претседател Жаир Болсонаро на 30 октомври, во вториот круг од претседателските избори во Бразил. Да Силва освои 50.9% од гласачките ливчиња со 99.9% гласови изброени. Победата на 77-годишниот Да Силва претставува неверојатен пресврт на настаните. Претходно, тој беше на чело на државата од 2003 до 2010 година. Подоцна, тој беше во затвор 18 месеци поради обвиненија за корупција, но тие обвиненија потоа беа поништени од страна на Врховниот суд.

ЦИВИЛ МЕДИА имаше интервју со Џејмс Н. Грин, професор по бразилска историја и култура на Универзитетот Браун и Претседател на Управниот одбор на Канцеларијата на Бразил во Вашингтон.

Бразилскиот Лула да Силва, на митинг со неговите поддржувачи

ЦИВИЛ МЕДИА:  Изборната победа на Г-дин Лула да Силва е прилично тесна. Какви се перспективите на неговата политичка програма во дадените околности?

ЏЕЈМС Н. ГРИН: Лула добро се погрижи да изгради изборна коалиција од 10 политички партии кои го поддржаа во првиот круг на изборите, а потоа додаде на таа бројка во вториот круг со некои клучни одобрувања, што му помогна да освои мнозинство гласови. Тој сега работи со оние партии кои не поддржаа претседателски кандидат за да ги придобие во работно мнозинство во Конгресот. Лула е мошне талентиран во преговарање со други политички сили, нешто што го научил првобитно како синдикален лидер и ќе ги донесе овие вештини во градење на практична законодавна база на поддршка за да му се усвои неговата главна програма.

Веќе има консензус дека ќе се донесе уставен амандман за да се гарантира стипендија од Р$600 месечно за сиромашните, како и дополнителни Р$150 за секое дете на возраст под 6 години. Дополнително, овој предлог, исто така, ќе ја зголеми реалната минималната плата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Американскиот претседател Бајден, ЕУ лидерите и други му ја честитаа изборната победа на Г-дин Лула да Силва. Што може да се очекува во контекст на односите Бразил-САД, ЕУ? (Дали би биле можни какви било позитивни промени?)

ЏЕЈМС Н. ГРИН: Лула веројатно ќе ја продолжи традицијата на прагматична, независна надворешна политика која од една страна ќе бара добри односи со САД и Европската унија, но и со земјите во БРИКС – Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како и земјите од Јужна Америка и воопшто глобалниот југ. Иако администрацијата на Бајден и новата влада на Лула ќе имаат стратешки разлики, се чини дека ќе има поголема соработка, особено во однос на прашања поврзани со животната средина.

Проф. Џејмс Н. Грин

ЦИВИЛ МЕДИА: Бразил е една од земјите на БРИКС. Дали сметате дека Бразил ќе направи политички и дипломатски чекори кон отворање на подинамична соработка со САД и ЕУ?

 ЏЕЈМС Н. ГРИН: Кога испадна дека Лула ќе се кандидира за претседател, тој отпатува за Европа, каде што беше добро примен и сметам дека тој ќе ги прошири односите со ЕУ и САД, особено околу прашањата за глобалното затоплување и климатските промени. Норвешка и Германија веќе повторно ги пуштија средствата за Амазон што беа блокирани за време на Болсонаро. Лула сака да биде лидер во ова прашање, како што се гледа со поканата Бразил да биде домаќин на COP во 2025 година.

ЦИВИЛ МЕДИА: „Путин не требаше да ја нападне Украина. Но, не е само Путин виновен. САД и ЕУ се исто така виновни“ – истакна Г-дин Лула да Силва во интервју за Time во мај. Дали очекувате промени во бразилскиот став кон руско-украинската војна, особено земајќи ги во предвид бројните воени злосторства, насочени кон цивили, нуклеарните закани и користењето на храната и енергијата како оружје?

ЏЕЈМС Н. ГРИН: Мислам дека немаме целосна јасност за тоа точно каков ќе биде ставот на новата влада во однос на Украина, бидејќи, од една стран Лула сака да гради позитивни врски со САД и ЕУ, но Бразил е исто така дел од партнерството БРИКС. Ако Русите останат во офанзива, а не се во можност да ги регрупираат своите сили во текот на зимата пред да започнат непријателствата на пролет, можно е да започнат преговорите, меѓутоа, верувам дека Украина е непопустлива во однос на отстапување територии на Русија, што може да ги запре тие разговори.

Проф. Џејмс Н. Грин

ЦИВИЛ МЕДИА: За време на претседателството на Г-дин Болсонаро, состојбата со човековите права во Бразил се влоши, вклучувајќи ги и правата на ЛГБТ и родовите права. Дали очекувате подобрувања во овие области, особено земајќи ги во предвид некои од предизборните изјави на Г-дин Лула да Силва во кои тој ја истакна неговата поддршка за законите против абортусот и правата на ЛГБТ? Дали Г-дин Силва ќе може да ја истурка неговата прогресивна агенда?

 ЏЕЈМС Н. ГРИН: Во однос на абортусот, Лула изјави дека тој лично е против абортусот, делумно за да ги замолчи кампањите на крајната десница по ова прашање, но тој смета дека е тоа прашање на јавното здравје на жените. Тој потоа ја турна одговорноста на Конгресот. Имајќи го во предвид составот на Конгресот, се чини малку вреојатно дека било која легислатива што го штити правоти на избор на жените е неверојатно во блиска иднина. Во однос на правата на ЛГБТИ+, Лула беше релативно тивок по тоа прашање, иако црнкиња лезбејски водач на ЛГБТ+ група во рамките на Работничката партија беше назначена за член на преодниот тим. Владата на Лула, исто така, вети дека ќе организира уште еднаш консултативен систем на локални, државни и национални конференции на различни општествени движења и прашања кои ќе препорачуваат политики. ЛГБТ+ конференцитте беа многу важни и ќе бидат средство за артикулирање на барањата на движењето до новата влада.

Луѓе ја слават изборната победа на Лула, октомври, 2022 година.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во јавно писмо до бразилските евангелисти, Г-дин Лула да Силва рече дека тој лично е против легализирање на абортусот и дека неговата влада ќе го остави Конгресот да одлучи за тоа прашање. Оваа изјава служеше како обид за придобивање на гласовите на конзервативците, но значи и дека новиот претседател на Бразил не е расположен да направи посуштински промени во областа на човековите права и слободи. Кое е вашето мислење во однос на ова?

 ЏЕЈМС Н. ГРИН: Неговото повлекување во однос на прашањето за правата на абортусот не значи дека нема да ги брани човековите права. Фактот што Лула ќе формира министерство за „изворните народи“ и јасно има зборувано за расизмот и давањето предност на членови на некои малцинства при вработување, се јасен знак дека ќе ги поддржи овие важни движења. Тој, најверојатно и ќе назначи луѓе во различните министерства кои вистински ги претставуваат движењата за човекови права во Бразил.

ЦИВИЛ МЕДИА: Г-дин Лула да Силва изјави дека крајно десничарскиот актуелен претседател Жаир Болсонаро користел лаги во кампањата за тоа дека владата на Лула ќе ги затвори црквите и ќе ги ограничи верските слободи. Како се спротивстави тимот на Г-дин Лула на дезинформациите за време на изборната кампања?

 ЏЕЈМС Н. ГРИН: Лула истакна дека за време на неговите две влади, била донесена легислатива за заштита на слободата на вероисповед и за овозможување на Маршот за Исус, кој мобилизира милиони. Оваа лажна вест за затворање на црквите беше поврзана со предлозите на гувернери, не од левицата, да се затворат црковните служби за време на пикот на пандемијата, што подоцна се користеше за да се тврди дека ќе има верски прогон. Факт е дека шо владата на Болсонаро и неговите поддржувачи прокламираа дека Бразил е христијанска држава, кога Уставот од 1891 година ја одвои црквата од државата. Овие изјави, всушност, предизвикаа Евреите, муслиманите и неверниците да се чувствуваат маргинализирано, додека не постојат регистрирани напади на слободата на вероисповед во која било од локалните, државните или национални влади на Работничката партија.

Џабир Дерала
Превод: Н. Цветковска
Извор: CIVIL TODAY


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БразилЖаир БолсонароизбориЛула да Силва
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ