Професорот Трпе Стојановски за „Утрински брифинг“ на „СлободнаТВ“ изјави дека ситуацијата со мигрантите се менува од ден на ден, но дека е можно ставање контрола на воените дејствија.
Тој смета дека е неопходно да се направи разлика меѓу мигранти и бегалци.
-Тоа укажува дека состојбата може да се реши на политички начин. Бројот на мигрантите е многу поголем од што може да се претпостави. Таму има Пакистанци, Авганистанци итн. Мора да се направи разлика помеѓу мигрант и бегалец. Турција е прва држава од истокот кон Европа, која што покажува капацитети да ги менаџира бегалските и мигрантските процеси и во таа смисла, Турција на некој начин е земја, во која што доаѓаат многу поточиња од мигранти, бегалци и всушност, тука се препознава мозаикот на проблемот на тежината, со која што се соочува оваа земја во однос на мигрантите и бегалците, рече Стојановски, кој додаде дека Турција се обидува да се пазари за своите интереси кои ги има во Идлиб.