Иницијативата „ПроГлас“ ги објави локациите низ државата каде денеска во 11:52 часот ќе се организира акцијата „Застани Србија, застани со студентите“, додека студентите најавија протест пред РТВ Србија (РТС) во Белград во 18:30 часот.
Митинзите ќе се одржат во 11:52 часот во Белград на Правниот факултет, Адвокатската комора на Србија и Белград (Дечанска 13) и на улицата Коларчева, во Смедерево кај Гимназијата и во Мајданпек на Градскиот плоштад.